ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Корисни информации
KAtegorija
Општи услови за патување при резервација на хотели преку ТА Атлантик Турс
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

Пребарување на хотели - ТА Атлантик Турс

 


Овие општи услови се однесуваат за сите резервации за хотел направени преку ТА Атлантик Турс.

 

1. Со една резервација можат да бидат резервирани најмногу 3 соби во хотел. Резервација со повеќе од 3 соби можете да направите директно во ТА Атлантик Турс. Ако сакате да направите резервација за повеќе од 3 соби, не може да ги разделите и да направите неколку одделни резервации на исто име. Во случај да направите, агенцијата си го задржува правото да стави дополнителна такса или да ги анулира направените резервации!

2. Сите лични информации што ги внесувате во резервацискиот систем се користат само и единствено за потребите на резервацијата.

3. Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога е предаден ваучер на наведен од Вас факс или email.

4. Кога ќе биде платена дадена резервација, Вие сте обврзани со неа. Во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата. Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација до 5 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана.

5. Ако извршувате резервација во агенција во последните 10 дена пред планираната дата за патување, ако има слободни места, Вашата резервација ќе биде наплатена веднаш, без никакво одложување.

6. Сите услови за плаќање и анулација на конкретна резервација се наведени во соодветната пријава.

7. Секоја анулација на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во канцеларијата каде е платена резервацијата. Основен услов е соопштувањето на бројот на резервацијата.

8. Крајната цена на резервацијата се однесува на избраниот од Вас број и вид соби за наведениот период за сместување и ги вклучува сите локални такси. Видот на услуга е посочен за секоја конкретна резервација. Напоменато е каде во цената има вклучен појадок, ручек или вечера. Ако има можност да се доплати за дополнителна услуга тоа ќе биде посочено во самата пријава за резервација.

9. Ако имате желба да бидете сместени во соба со три кревети, треба да знаете дека третиот кревет во повеќето хотели претставува подвижен кревет. Со додавање на третиот кревет во собата се намалува комоцијата, бидејќи се намалува просторот во собата. Не се препорачува на трет кревет да се сместуваат туристи повозрасни од 12 години.

10. Сите специјални желби кон хотелот се потврдуваат на рецепцијата од хотелот доколку има можност за тоа. Ако за тие потреби треба да се доплати, тоа ќе го направите на рецепцијата во хотелот при сместувањето.

11. За деца до 12 г. има можност за специјални намалувања. За да може да ги искористите тие попусти неопходно е да ја кажете точната возраст на детето на датумот на напуштање на хотелот. Во случај информацијата да не е коректна, клиентот ја плаќа разликата до полната сума на резервацијата.

12. За лица под 18 г., кои патуваат сами или со едниот родител (старател) неопходно е да имаат нотарски заверена изјава од двајцата родители (или старатели) дека родителите се согласни детето да патува во странство, со наведен телефонски број на нотарот. Оригиналната изјава и копија треба да се носи за време на патувањето. Ако не се исполнат тие услови, агенцијата не сноси никаква одговорност во врска со сите потенцијални непријатности и штети што ќе бидат предизвикани од тоа. Тие се на сметка на родителите.

13. Категоријата на хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој хотел, се осигурани од самите хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.

14. Туристот треба да знае дека сместувањето во хотелите е после 14 ч. Ослободувањето на собите по последното ноќевање е по 11 ч. При сместување во избраниот хотел после 22 ч. потребно е да стапите во контакт со рецепцијата на хотелот и лично да дадете информација за часот на пристигнување. Сите наведени времиња се локални.

15. Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма при изработка на резервацијата.

16. Агенцијата не сноси одговорност за изгубени предмети или багаж, пари и документи, оставени во собата на хотелот.

17. Агенцијата не сноси одговорност за штети направени за време на користење на услугата предизвикани поради виша сила или настани кои не можат да бидат предвидени и избегнати од страна на агенцијата или нејзините агенти при совесно исполнување на нивните должности.

18. Агенцијата не сноси одговорност при неправилно пополнување на документот за резервација од страна на клиентот. Неправилно пополнување на името може да доведе до проблеми при влез во соодветната држава или откажување на аранжманот од страна на хотелот.

19. Агенцијата не сноси одговорност, не обесштетува и не им компензира на туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа. Агенцијата не им компензира на туристите за трошоци кои се вон платената услуга.

20. Агенцијата не сноси одговорност пред туристите кога истите очекуваат виза и во случај на одбивање на барањето за виза од страна на дипломатското претставништво на соодветната држава. При поднесување на документи и одбивање на барање на виза, на туристот не му се враќаат платените средства. При откажување на виза поради поднесување непотполни, неточни и фалсификувани или лажни документи, претходни судски спорови на туристот во соодветната држава, невнимателност на рок за поднесување на документи, како и при непојавување на интервју во конзулатските служби, каде што тоа е барање, услугата се анулира и се задржуваат предвидените задршки, опишани во член 6 и 7.

21. Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.

22. При нанесени штети во хотелот, конкретниот извршител или извршители има/имаат материјална одговорност за штетата, и тоа треба да се плати на рецепција или кога тоа ќе го побара управителот на хотелот. Агенцијата не одговара за разходите потребни за таа процедура и не должи компензации при промена на распоредот и содржината на најавените услуги. Тоа се однесува и на туристи кои не се одговорни за штетата, но ја користат услугата заедно со лицето одговорно за штетата.

23. Агенцијата не сноси одговорност за трошоците поврзани со консумацијата на храна и пијалаци кои не се вклучени во платениот пакет, независно од тоа дали тие се нарачани од клиентот или не.

24. Клиентот има право во рок од една недела по користењето на услугите да направи рекламација за користената услуга во писмена форма во канцеларијата каде што ја платил резервацијата. Клиентот има право на компензација во износ на вредноста на првото ноќевање. За рекламации на услуги избрани од туристите за време на самото патување, агенцијата не сноси одговорност.

25. Во случај да дојде до појава на судски спор, надлежен е Основен суд - Скопје.

 



Запознат сум со општите услови и ги прифаќам.

 

Датум: . . . . . . . . . . . . . . .

 

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)