ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Корисни информации
Која стока не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки?
Сподели со пријателите:
Испринтај: print
КОЈА СТОКА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА
И НЕ ПОДЛЕЖИ НА ПЛАЌАЊЕ УВОЗНИ ДАВАЧКИ ?
 
Mакедонските и странските државјани се  ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за: 

• стока за лична употреба во текот на престојот (личен багаж)

• преработки од тутун: 
        -  200 цигари, или
        -  100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или 
        -  50 пури, или
        -  250 грама тутун за пушење, или
        -  сразмерна количина на различни преработки на тутун

• алкохол и алкохолни пијалоци:
        -  дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1  литар или
        -  дестилирани и алкохолни пијалоци и ап  еритиви со винска или алкохолна  основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и 
        -   вино: 2 литри и

• парфеми: 50 мл

• тоалетна вода: 250 мл.

*** Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години. 
Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолни пијалоци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

 
ВНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ

 - РЕЗИДЕНТИ
 
Резидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Резидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од став (2).
 
- НЕРЕЗИДЕНТИ

Нерезидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Нерезидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од став (2).


ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ

- РЕЗИДЕНТИ

Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.
Ефективните странски пари од став (2) резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.
Потврдата од став (3) на овој член важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.
Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.
 
- НЕРЕЗИДЕНТИ
                                                            
Износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што нерезидентите го изнесуваат од Република Македонија не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи. 


ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ
ОД ЖИВОТИНСКО И РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО


За внесување/изнесување на живи животни, домашни миленичиња и производи од животинско и растително потекло, потребни се законски пропишани дозволи/ одобренија.
 
 
ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно 
•       Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака
•       Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или
•       Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОIE).
 
Царинскиот орган дозволува увоз во Република Македонија на домашни миленици кои не се наменети за трговија, без разлика на бројот на единките, доколку Управата за ветеринарство по претходно извршена проверка и преглед на граничниот премин издаде согласност за увоз, односно ветеринарен влезен документ ­ВВД.
 
 
ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО
 
Патниците можат да внесат производи од животинско потекло на територијата на Република Македонија (сирење, кашкавал, сувомеснати производи) во вкупна количина до 1 кг.
Доколку производите од животинско потекло надминуваат количина поголема од 1кг, потребно е патникот да поседува потврда за извршен задолжителен преглед на стоката од страна на Ветринарно­санитарен испекторат.
 
 
РАСТЕНИЈА, ЦВЕЌИЊА, ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
 
При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, задолжително да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, со кое се потврдува дека производите се здрави и необолени. Покрај потребното одобрение, овие производи задолжително подлежат на преглед од страна на фитосанитарен инспектор.
 
 
ЛЕКОВИ
 
За внесување на лекови во Р.Македонија потребна е посебна дозвола издадена од Биро за лекови на Р. Македонија (Министерство за здравство).

Внесување на лекови без горенаведената дозвола е законски дозволено само доколку лековите се наменети за лична употреба. Доколку лековите се наменети за лична употреба не е потребна горенаведената дозвола. Во тој случај, патникот треба да поседува:
 
• потврда од матична здравствена установа со податоци за идентификација на лекот и пациентот, видот на забо-лување и
• потпис на лекарот што е доказ дека лековите кои патникот ги носи со себе се за негова лична употреба.

За лекови кои во себе содржат опојни дроги или психотропни субстанции, потребно е патникот да поседува потврда издадена од Биро за лекови при Министерство за здравство.

Во случај на непочитување на законските одредби со кои е регулирано внесувањето на лекови, медицински помагала и психотропни супстанци во државата, предвидени се соодветни казни.
 
 
ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА

Со закон е забрането внесување и пренесување преку територија на Р. Македонија на сите видови оружје и муниција, и тоа:

• oгнено оружје
• колекционерско оружје
• пневматско оружје
• гасно оружје
• експлозивно оружје
• ладно оружје (ножеви, ками, мечеви итн.)
• оружје со тетива
• оружје за светлосно-звучна сигнализација
• електрични парализатори
• муниција
Внесување на оружје и муниција во Р. Македонија е дозволено само во случај доколку поседувате посебно одобрение/дозвола издадена од Министерство за внатрешни работи на Р. Македонија. Ова се однесува на оружје кое се користи за лов.
За оружје не се смета:
• Декоративно оружје
• Имитација на оружје
• Старинско оружје
• Оружје што е трајно онеспособено за употреба
• Реплика на старинско оружје
• Оружје за индустриски цели и
• Харпуни за подводен риболов
Во случај на непочитување на законските одредби предвидени се соодветни прекршочни мерки.


СТОКА КОЈА ПОВРЕДУВА ПРАВА
ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
 
Со закон е забрането внесување, изнесување, транзит и складирање на фалсификувани производи и пиратски стоки.

Фалсификатите и пиратските стоки се опасни по здравјето и безбедноста на луѓето, а во исто време тие доведуваат до намалување на буџетот и зголемување на сивата
економија. Препознатливи се по ниската вредност, слабиот квалитет, лошиот изглед на пакувањето, технички грешки во текстот на етикетите и ознаките.

За фалсификат се смета и знак, лого, букви, бројки, слики, налепници, брошури, упатство за употреба или гарантен документ, дури и ако се внесувааат или изнесуваат одделно или заедно со стоката. Пиратска стока е онаа стока која е направена или која содржи примероци без согласност на носителот на авторското право или сродното право.

Царинската управа, фалсфикатите и пиратските стоки привремено ги одзема и по потврдување на оригиналноста ги уништува.

Исклучок од ова е стока која е дел од личен багаж на патници, предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство, а кои се ослободени од плаќање на царински давачки. Прекршителите со закон се
санкционираат.

За достигнувањата во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, во конкуренција на 174 администрации членки на СЦО, Царинската управа на Република Македонија, во 2009 година ја доби престижната награда на Светската царинска организација Yolanda Benitez WCO Trophy 2009 Combating Counterfeiting and Piracy. 



ЗАГРОЗЕНИ ЖИВОТНИ И РАСТЕНИЈА
 
Внесување и изнесување на загрозени животни и растенија и нивни производи во/од територијата на Република Mакедонија, според CITES, (Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дивата флора и фауна) е строго забрането со закон.
 
За промет со загрозени и заштитени диви видови растенија, габи и животни и производи изработени од нив потребно е да се приложи соодветен документ односно дозвола од Mинистерството за животна средина и просторно планирање, дозвола која мора да се добие однапред.

Нелегално увезени животни и растенија најчесто се заразени со опасни болести и паразити.

Заштитени видови животни и производи добиени од нив се:

• Кафеава мечка, сив сокол, пеперуга Hipparchia semele-критично загрозена, волци,
змии, гуштери и тропски животни,
• Корали и школки,
• Егзотични растенија(орхидеи, кактуси) итн,
• Сите видови предмети кои произлегуваат од загрозени растителни и животински
видови, како:
› Музички инструменти
› Артефакти од корали и слонова коска
› Облека, обувки и модни додатоци итн.

Царинските службеници, полициските службеници или инспекторите ќе ги одземаат
нелегалните пратки, а прекршителот, покрај плаќање на парични казни, ќе ги покрие и сите останати трошоци за привремената грижа или складирање на такви пратки.

Бидете внимателен купувач и зачувајте ја природата и видовите!
 
 
ПРЕДМЕТИ ОД ИСТОРИСКА И КУЛТУРНА ВРЕДНОСТ
 
Предмети и добра од културно-историското наследство, кои подлежат на режим на
потребни уверенија за извоз или привремено изнесување од територијата на Република Македонија се:
археолошки предмети (ископани од земја или извадени од вода кои потекнуваат од определен период),
етнолошки предмети (предмети кои сведочат за начинот на живеење, традицијата, обичаите и сл.),
историски предмети (кои потекнуваат од определени историски настани или ги користеле историски личности, како и стари монети -пари),
уметнички предмети (слики, цртежи, скулптури, бакрорези, гравури и други уметнички композиции),
технички предмети (машини, алати, инструменти, опрема и сл. кои потекнуваат од одредена етапа на технички прогрес),
архивска граѓа (одбран, изворен и репродуциран документарен материјал од трајна вредност),
библиотечни добра (стари ракописи настанати до крајот на XIX век, стари и ретки книги и други публикации),
кинотечни добра (снимени кинематографски дела, филмови-цртани, документарни, научно-популарни и др.),
аудиовизуелни (изворни материјали и тонска копија на игран или анимиран филм, сценарија, фотографии, слајдови, постери и сл) и
фонотечни добра (изворен материјал на снимени звуци односно оригинални музички и друг вид на звучни записи).

Културно наследство од особено значење (како заштитените музејски збирки) не смее да се извезе.

Културно наследство што не е под општа забрана за извоз, како и добро што претставува национално богатство, може да се извезува само со дозвола на
Управата за заштита на културно наследство.
 

КУЛТУРНИ ДОБРА КОИ НЕ ПОДЛЕЖАТ ПОД РЕЖИМ НА ЗАШТИТА
 
Добрата кои немаат карактер на културно наследство и кои не подлежат под режим на заштита, односно нивниот извоз или изнесување од државата е слободен, се следните:
• репродукции
• копии на музејски експонати (антиквитети и други музејски предмети), пропратени со соодветен сертификат, со кој се потврдува копијата, потеклото на оригиналниот предмет и институцијата која што го издала.
 
 
  
 
 
 
 


 
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)