Ново во понудата на Атлантик Турс, можност за престој во Македонија во природна средина.
Селското домаќинство „Атанасови“ се наоѓа во Сирково, рамничарско село кое е оддалечено само 7 километри од Росоман. Сместено е на крајот од селото, во исклучително чиста еколошка средина, далеку од градската врева и од секакви загадувања. Имотот е во хармонија со природата; изобилува со зеленило, поседува сопствена шумичка низ која поминува мала река која со жуборот го надополнува селскиот амбиент. Има простран двор во кој има место за паркирање на возила и создадени се идеални услови за престој и уживање во природа. Селското домаќинство нуди домашна храна од локално производство. Еден дел од зеленчукот самостојно го произведуваат во сопствената бавча и притоа се одгледува исклучително органска храна без третирање со било какви препарати. Останатата храна се набавува од локалните производители. Општина Росоман е позната по производството на праски, кајсии и винова лоза, а Сирковската пиперка-капија е надалеку прочуена по квалитетот. Месото и млечните производи се набавуваат од локалните производители од околните села Ногаевци, Водоврати и Подлес, а на домашната трпеза се наоѓаат сувомеснати производи подготвувани на традиционален начин во сопствената пушара која е изградена во состав на самиот комплекс. Во селското домаќинство се нуди исклучително домашно подготвена храна, почнувајќи од лебот печен во фурна па се до специјалитетите подготвени во земјени садови или под сач, како и домашни пијалоци. Храната се служи во летниковец во кој има идеални услови за престој во текот на целата година-опремен е со клима уред за да можете да ги избегнете летните горештини и со печка на дрва која дава посебна топлина во текот на зимските месеци. Тука имате можност да гледате телевизија, да се одмарате или да ги планирате Вашите мали семејни веселби во интимен амбиент.
Во селското домаќинство има услови за престој и ноќевање. Изградена е куќичка исклучиво од природни материјали - дрво , а за време на летните месеци на гостите им е на располагање простор за релаксација-монтажен базен околу кој се поставени лежалки и чадори за сонце. Целиот простор е покриен со безжичен интернет. До сите содржини има обезбедено пристап за лица со инвалидитет.
Резервација можете да направите преку туристичката агенција за сместување на услуга ноќевање со појадок по цена од 1250 денари по лице од ден. За трето возрасно лице цената е 1000 денари.
Услови за деца: Дете до 6 години бесплатно доколку престојува со две возрасни лица. Доколку престојуваат две возрасни лица и две деца, прво дете до 6 години се сместува бесплатно, второ дете до 6 години - 50% од цената. За деца од 6-12 години се плаќа 70% од цената.
Цената за сместување на само едно лице е 1800 денари.
Доколку сте заинтересирани за дополнителни оброци (ручек или вечера), резервацијата можете да ја направите директно во селското домаќинство.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА