Почитувани,
Во рамките на активностите во врска со одбележувањето на 25-годишнината од основањето на туристичката агенција „Атлантик Турс“, од 2025-та започнуваме со Програма за лојалност преку која ќе ги наградуваме нашите редовни патници со попусти и други поволности.
На кој начин можете да станете наш лојален патник:
- Со првата уплата на аранжман во ТА „Атлантик Турс“, автоматски станувате член на програмата за лојалност.
- За секоја уплата на аранжман добивате поени во износ од 3.5% од вкупната вредност на уплатениот аранжман. На пример, за уплата од 40.000 денари добивате 1.400 вредносни поени.
- Поените можат да се претворат во денари кога ќе соберете најмалку 2.100 вредносни поени. Тогаш ќе можете да ги искористите при уплати на некој од избраните аранжмани на ТА Атлантик Турс. Со секоја следна уплата, новите поени се додаваат на Вашата сметка.
- Вредносни поени можете да продолжите да собирате во текот на целата календарска година. Кога ќе решите да ги искористите собраните поени, истите се одбиваат од вкупната вредност на аранжманот што го уплаќате. На пример, доколку имате собрано 4000 поени, за аранжман во вредност од 14.000 денари ќе треба да ја платите само разликата од 10.000 денари.
- Поените можете да ги искористите при уплата на било кој аранжман на ТА „Атлантик Турс“ најдоцна до 31.декември од тековната година. Уплатата може да се однесува и на аранжмани што се понудени за следната година (освен за летните аранжмани).
- По истекот на календарската година, собирањето на вредносни поени започнува од почеток. Поените кои не се искористени во текот на календарската година се губат.
- За тековната состојба со собрани поени ќе добивате редовни известувања преку е-маил или вибер.
Напомени:
- Вредносните поени не се преносливи и мора да бидат искористени само од лицето на чие име се собрани.
- Вредносните поени се собираат и се користат само за сопствените аранжмани на ТА „Атлантик Турс“. Поените не важат за понуди за летен одмор (на пример закуп во Грција или хотели во Турција).
- Вредносните поени се собираат и се користат само при уплати директно во ТА „Атлантик Турс“.
- Поените можат да се користат и за аранжмани за кои важат актуелните попусти.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА