Во кои земји можам да патувам без виза?
Новите правила за безвизно патување се применуваат во сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија и Ирска, како и во Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Листа на земји:
Aвстрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија.
Колку време можам да останат во Шенген зоната?
Граѓаните од Република Македонија кои поседуваат биометриски пасош можат да останат во Шенген зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180 дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку сте влегле во Шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 6 месеци.
Дали можам да живеам и работам во Шенген зоната?
Новите правила се однесуваат само на патувањата. Според новите правила, граѓаните на поранешна Југословенска Република Македонија не добиваат право да престојуваат повеќе од 3 месеци или пак да се вработат во Шенген зоната. Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без релевантна национална дозвола за работа или престој се незаконски.
Препораки за патниците:
• Патувајте со сигурни туристички агенции.
• Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови (документ/потврда од главната здравствена установа). Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.
• Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).
• Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата,градот,телефонскиот број и името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната или на пребарувачите на интернет. Европскиот број за итни случаи е 112 и се применува за сите земји на ЕУ (за полиција, прва помош или противпожарни бригади).

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
Како да бидете во тек со сите наши објави на социјалната мрежа FacebookFacebook инструкции
-
Што е здравствено патничко осигурување?Дали и во кои држави е задолжително?
-
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лицаОдобрението важи за лица до 14 годишна возраст ...
-
Која стока не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки?Колку алкохолни пијалаци и тутун смеете да пренесете преку граница.....
-
Се што треба да знаете за туристичката такса за сместување во ГрцијаИнформации во врска со туристичката такса во Грција
-
Законски ограничувања при патување во ГрцијаЦарински ограничувања, закони, забрана за пушење, регистрација и престој ....
-
Бугарските вињетки отсега ќе можете да ги купите и преку интернет !Новиот систем ни овозможува да си купиме вињетка преку интернет за да не застануваме на граница...
-
Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола - промени !Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на н
-
Законски ограничувања при патување во Црна ГораЦарински ограничувања, закони, регистрација и престој ....
-
Законски ограничувања при патување во ТурцијаЦарински ограничувања, закони, закон за пушење....
-
Општи услови за патување при резервација на хотели преку ТА Атлантик ТурсПрепорачливо е да ги прочитате оштите услови доколку сакате да резервирате хотел преку нашиот систем (online ил