СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Од 1. јануари 2018 година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција должни се на гостите да им наплаќаат данок за престој-таканаречена туристичка такса. Во Италија висината на туристичката такса се движи од 2-7 евра од ден, во Шпанија од 0,45-2,25 евра, во Црна Гора 1 евро од ден, во Србија од 50-140,00 динари, зависно од категоријата на туристичкото место.
Во официјалното соопштение на Министерството за финансии во Грција е наведено следното:
За кој тип на туристичко сместување се наплаќа туристичка такса?
Плаќањето на туристичката такса е воведено во хотелите од 1-5 ѕвезди, како и во останатите сместувачки капацитети (апартмани, соби, посебни вили) кои примаат гости на еден или повеќе денови. Во камповите и посебно одредените места за сместување туристичка такса не се наплаќа.
Колку изнесува туристичката такса? Дали се плаќа по сместувачки капацитет или по лице?
Туристичката такса се пресместува како фиксен износ по ден и по сместувачки капацитет- не по лице. Во зависност од типот на сместувањето изнесува:
• 4 € по соба дневно за хотелите со 5 ѕвезди
• 3 € по соба дневно за хотелите со 4 ѕвезди
• 1,5 € по соба дневно за хотелите со 3 ѕвезди
• 0,5 € по соба дневно за хотелите со 1-2 ѕвезди
• 0,5 € дневно за приватните соби, студија и апартмани
Дали пограничните службеници при излезот од Грција ќе вршат проверка дали сте ја платиле туристичката такса? Дали треба да ја сочувате потврдата од уплатата?
Ниедна официјална институција во Грција нема објавено известување дека на граничните премини ќе се врши контрола на плаќањето на туристичката такса. За секој случај потврдата задолжително сочувајте ја до излезот од земјата.
Доколку летувате со уште едно семејство а сместени сте во еден апартман, дали е потребно двете семејства посебно да платат туристичка такса?
Не. Таксата се плаќа по сместувачка единица и по ден, независно од бројот на лицата кои престојуваат.
Во договор со сопственикот на сместувачкиот објект или на хотелот сакате да го напуштите објектот покасно во текот на денот (касна одјава). Дали ќе Ви биде дополнително наплатен данок за престој?
Не. Во случаите кога престојот е продолжен за неколку часа, тоа не се пресметува како дополнителен престој и не Ве обврзува за плаќање на такса. Но, доколку се случи должината на престојот да подразбира наплата на уште еден дополнителен ден за користење на собата, во тој случај туристичката такса ќе биде наплатена.
Сте резервирале сместување во Грција преку интернет, но сте го откажале во последен момент. Дали имате обврска да ја платите туристичката такса?
Не. Независно од политиката за откажување на сместувањето и платформата за издавање смештај во Грција, туристичката такса се наплаќа исклучиво за деновите додека сте престојувале во објектот: од доаѓањето до одјавувањето.
Извор: www.grckainfo.com
Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
Како да бидете во тек со сите наши објави на социјалната мрежа FacebookFacebook инструкции
-
Што е здравствено патничко осигурување?Дали и во кои држави е задолжително?
-
Во кои земји можете да патувате без виза?Oсновни правила за безвизно патување во Европската Унија .....
-
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лицаОдобрението важи за лица до 14 годишна возраст ...
-
Која стока не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки?Колку алкохолни пијалаци и тутун смеете да пренесете преку граница.....
-
Законски ограничувања при патување во ГрцијаЦарински ограничувања, закони, забрана за пушење, регистрација и престој ....
-
Бугарските вињетки отсега ќе можете да ги купите и преку интернет !Новиот систем ни овозможува да си купиме вињетка преку интернет за да не застануваме на граница...
-
Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола - промени !Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на н
-
Законски ограничувања при патување во Црна ГораЦарински ограничувања, закони, регистрација и престој ....
-
Законски ограничувања при патување во ТурцијаЦарински ограничувања, закони, закон за пушење....
-
Општи услови за патување при резервација на хотели преку ТА Атлантик ТурсПрепорачливо е да ги прочитате оштите услови доколку сакате да резервирате хотел преку нашиот систем (online ил