ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 - КАВАЛА
(Со вклучена Новогодишна вечера)
(31.12.2026-02.01.2027)
Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки... Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште ...
Прв ден: 31.12.2026 година (четврток)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Вечерта организирано заминување во ресторан во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2027 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.
Втор ден: 01.01.2027 година (петок)
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.
Трети ден: 02.01.2027 година (сабота)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........209 евра (12.960 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
- Организиран Дочек на Новата Година во ресторан во Кавала (вечера со музика во живо)
- Посета на Солун
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Доплата за еднокреветна соба – 50 евра (за двете ноќевања)
- Пијалоци за време на Новогодишната вечера во ресторанот
- Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер
- Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот до 30.11.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа. Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето е во надлежност на хотелот. Еднокреветните соби немаат балкон!
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО КОТОР
Три ноќевања со појадок (30.12.2026 – 03.01.2027) -
ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
Три ноќевања со појадок (30.12.2026 – 03.01.2027) -
Дочек на Новата 2027 година во Турција - Истанбул - магија на два континента
Три ноќевања со појадок (29.12.2026-01.01.2027)




















