ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Декември
Божиќни маркети во Швајцарија, Франција и Германија
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Божиќни маркети во Швајцарија, Франција и Германија

 

Базел-Шварцвалд-Рибовил-Колмар-Мулхаус-Еквисхајм-Рикевир

 

(05.12.2026-08.12.2026)

 

 

Прв ден: 05.12.2026 (сабота)- Скопје-Базел

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување кон Базел-Мулхаус во 06.45 часот, слетување во 09.05 часот. Со организиран трансфер се упатуваме кон Базел и одиме на разглед на градот со локален водич. Трет најголем град во Швајцарија, Базел се наоѓа на реката Рајна, на тромеѓето помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Познат по богатото културно наследство, Базел е дом на најстариот универзитет во Швајцарија и ја има најголемата концентрација на музеи во земјата. Ќе го посетиме главниот плоштад на кој е сместена општинската зграда, градската катедрала, променадата на реката Рајна, фонтаната на рибниот пазар и други знаменитости. Сместување во хотел “Ibis Styles Basel City” 3*, лоциран во непосредна близина на центарот градот. До крајот на денот слободно време за одмор од патувањето и прошетка низ божиќниот пазар во Базел, еден од најголемите и најубавите во целата земја, распослан на два одделни плоштади. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 06.12.2026 (недела)- Базел-Рибовил-Шварцвалд-Базел

 

Појадок. Организирана посета на еден необичен божиќен маркет, единствениот во овој дел од Европа со средновековна тематика. Божиќниот маркет во Ribeauville се одржува само два викенди во годината, и е уникатен бидејќи трговците, занаетчиите и уличните изведувачи се облекуваат во стари традиционални костими и го претвораат местото во жив средновековен град. Покрај со вообичаените тезги со храна и сувенири, улиците на градот се полни и со танчери, акробати, жонглери и голтачи на оган. Храната е исто така тематски соодветна: дива свиња, старовремска зеленчукова супа и леб и слатки колачи печени на дрва. Слободно време за доживување на средновековната атмосфера, а потоа продолжуваме кон најатрактивниот божиќен маркет на нашето патување, сместен длабоко во Шварцвалд - Црната шума во Германија. Еден од најуникатните божиќни маркети во Европа, пазарот во клисурата Равена се одржува секоја година под големиот вајадукт Равена, драматичен железнички мост по кој возовите сè уште минуваат за време на пазарот. Околу 40 дрвени колиби се поставени под осветлениот мост, на кои се продаваат традиционални ракотворби и деликатеси од Шварцвалд. Слободно време за прошетка и уживање во неповторливата атмосфера на маркетот сокриен во шумовитите предели на клисурата. Враќање во Базел во вечерните часови.

 

 

Трет ден: 07.12.2026 (понеделник)- Базел-Mulhouse-Equisheim-Riquewihr-Колмар- Базел

 

Појадок. За крај на патувањето одиме во неповторлива тура низ божиќните маркети во источна Франција. Започнуваме со Мулхаус, градот кој е познат по највисоката протестантска црква во Франција и по ренесансната општинска зграда од 1552 година, а уште попознат како „Францускиот Манчестер” – индустриски центар, посебно на текстилната индустрија. Токму затоа, текстилот е тема и на божиќниот маркет – секоја година стариот дел од градот е прекриен со специјално дизајнирани божиќни ткаенини. По тоа Мулхаус е единствен во Европа, и нуди можност да се купат уникатни божиќни сувенири и подароци. Продолжуваме кон Equisheim, кој ќе ни го долови шармантниот дух на рурална Франција. Equisheim е мало село опколено со лозја и винарии, а божиќниот маркет секоја година собира 30-на локални занаетчии и креативни таленти кои ги претставуваат своите ракотворби и локални специјалитети. Истовремено, локалните производители на вино нудат можност да се вкусат и купат префинети француски вина. Наредната станица е во средновековното село Riquewirh, прославено со извонредно зачуваната архитектура од 16-ти век и ризлингот од светска класа. Божиќниот маркет сместен на малиот плоштад создава прекрасна атмосфера сред украсените улички и осветлените историски куќи. За крај го посетуваме бисерот на денот, еден од најпознатите божиќни маркети во Европа. Колмар е бајковито гратче во Франција, прочуено по добро сочуваниот средновековен стар град со живописни куќи со дрвени столбови и кривулести канали. Божиќниот маркет е сместен на шест одделни локации низ стариот град, секојa со посебен идентитет. Божиќниот маркет во Колмар е особено магичен навечер, кога целиот стар дел од градот е осветлен. Слободно време за прошетки низ маркетот и пробување на локалните специјалитети, а во вечерните часови враќање во Базел. Ноќевање. Во попладневните часови враќање во Базел. Слободно време за доживување на вечерната атмосфера на локалниот божиќен маркет. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 08.12.2026 (вторник)- Базел-Скопје

 

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот Базел-Мулхаус. Полетување кон Скопје во 09.40 часот, слетување во 11.50 часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.08.2026 ....... 799 евра (49.540 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........839 евра (52.020 денари) 

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Базел-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите локални трансфери

• 3 ноќевања со појадок во хотел Ibis Styles Basel City 3* во Базел 

• Сите разгледи и посети вклучени во програмата 

• Лиценциран туристички водич 

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра

• Туристичка такса – 15 евра (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)

 

 

Втора рата до 21.09.2026, трета рата до 21.10.2026. Целосна доплата на аранжманот до 05.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)