ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова година 2027
ДОЧЕК НА НОВА 2027 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ДОЧЕК НА НОВА 2027 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

 

(31.12.2026 – 03.01.2027)


„Гледај високо, диши длабоко... Ова е Златибор“!

 

 

Прв ден: 31.12.2026 (четврток)

 

 01:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 02:30 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување на Златибор во утринските часови. Одмор од патувањето, а потоа сместување на групата во хотелот „Vila Borova-Wellness&Spa resort“ - 3*** (https://vilaborova.com/ ), модерен комплекс од апартмански тип кој се наоѓа недалеку од строгиот центар на Златибор. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор, градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Слободно попладне за одмор и за релаксација во спа центарот на хотелот- затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, арома туш и тропски дожд, парно купатило, финска сауна, фитнес центар (бесплатно користење). Вечерта, организиран Дочек на Новата 2027 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма и забава. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 01.01.2027 (петок)

 

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондолакоја го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина - Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечерта, реприза на новогодишната вечер на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 02.01.2027 (сабота)

 

Појадок. Заминуваме кон Мокра Гора на ридот Меѓавник каде по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај... Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на Бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, , исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 03.01.2027 (недела)

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 349евра (21.640 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотелот „Vila Borova-Wellness&Spa resort“ - 3***

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организирана посета на етно селото Меѓавник на Дрвенград со вклучена влезница и локален водич

- Посета на Врњачка Бања

- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)