ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО САША МАТИЌ, ЏЕНАН ЛОНЧАРЕВИЌ, НАШАТА БЕКВАЛАЦ, АДИ ШОШЕ И ОРКЕСТАРОТ НА АЛЕКСАНДАР СОФРОНИЈЕВИЧ
(30.12.2026 – 03.01.2027)
Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното... Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова...
Прв ден: 30.12.2026 (среда)
20:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 31.12.2026 (четврток)
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на Црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на Плоштадот во Игало со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Саша Матиќ и Џенан Лончаревич. Свечен дочек на Новата Година се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2027 (петок)
Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Пред нас е уште една незаборавна вечер со Наташа Беквалац и Ади Шоше чии модерни и урбани песни ја привлекуваат младата публика. Со својот специфичен музички стил и хитовите кои ги освојуваат топ листите, ќе придонеат за современ, младешки дух на стартот од Новата Година. Новогодишна забава со вечера се организира и во ресторанот на хотелот (факултативно, со претходна резрвација). Ноќевање.
Четврти ден: 02.01.2027 (сабота)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Уживање во внатрешниот базен и спа центар на хотелот. Во вечерните часови гостите во Херцег Нови ќе ги забавуваат членовите на оркестарот на Александар Софронијевиќ. Ноќевање.
Петти ден: 03.01.2027 (четврток)
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........399 евра (24.740 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Херцег Нови
- Користење на спа центарот во хотелот
- Организиран разглед на градот со локален туристички водич
- Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Доплата за еднокреветна соба- 255 евра (за трите вечери)
- Туристичка такса– 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
- Доплата за свечена новогодишна вечера со музика во хотелот ( 75 евра по лице)- Не е задолжителна!
- Доплата за свечена втора новогодишна вечера со музика во хотелот ( 65 евра по лице)- Не е задолжителна!
- Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Агенцијата не може да гарантира за спратност и поглед од собите бидејќи распоредот и сместувањето се во надлежност на хотелот. За сместување во соба со балкон се доплаќаат 5 евра по лице од вечер!
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА























