ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026
Целодневна релакс програма
(Скопје-Селско домаќинство „Атанасови“ во с.Сирково-Кавадарци)
(05.09.2026)
Подгответе се за забава во чест на Дионис – богот на виното и радоста во градот кој дише во ритамот на карневалот... Уживајте во најголемиот жив фестивал во Тиквешијата кој секоја година го посетуваат над 100.000 туристи!
05.09.2026 (сабота)
10:00 часот: Тргнување на групата од Скопје кон селото Сирково со туристички автобус (доколку има патници, попатно застанување во Велес). Пристигнување во село Сирково кое се наоѓа на само седум километри од Росоман. Слободно време за уживање во содржините што ги нуди Селското домаќинство „Атанасови“: користење на затворниот базен со топла вода во кој можете да се освежите, ресторански дел каде се служи домашно подготвена храна и пијалоци. Организиран ручек (салата, главно јадење и десерт) и забава со музика во живо-во знакот на Тиквешкиот Гроздобер.
Во попладневните часови заминуваме кон Кавадарци каде се одржува традиционалната манифестација Тиквешки Гроздобер. Ова е една од најголемите манифестации во државата посветени на виното, музиката и забавата што има традиција од 1964-та година и секогаш се совпаѓа со празнувањето на денот на ослободувањето на Кавадарци 7-ми Септември. Нејзин белег низ годините била богатата карневалската поворка во која се слави стартот на гроздоберот, а богот Бахус симболично го откинува првиот грозд. Главните случувања се организираат на Градскиот Плоштад каде ќе има поставено брендирани штандови и шатори за промоција и дегустација на тиквешки вина, ракија и традиционални специјалитети. Тиквешкиот гроздобер трае 3 дена - од 04. до 06.септември, но централните активности се планирани токму за во сабота. Од 18.00 часот започнува големата карневалската поворка во која учествуваат карневалски групи од Федерацијата на европските карневалски градови, а потоа забавата продолжува на неколку локации: во малото паркче спроти Полицијата планирано е да биде презентирано народното творештво, а во Паркот на Револуцијата ќе има староградска музика. Сепак, централната забава е планирана на големата бина на Градскиот Плоштад каде од 21.00 часот е предвиден настап на познатите македонски состави Дупер и Нокаут, а потоа и на популарниот Жељко Самарџиќ. Околу полноќ собирање на групата на договореното место и враќање назад кон Велес и Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........2.200 денари
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Организиран ручек во селско домаќинство „Атанасови“ во с.Сирково со забава и музика во живо
- Користење на затворениот базен во с.Сирково
- Следење на активностите во рамките на манифестацијата „Тиквешки Гроздобер“
- Организација на аранжманот
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Пијалоци за време на ручекот во с.Сирково
За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
8.СЕПТЕМВРИ ВО КАВАЛА - 2026
Три ноќевања со појадок (05.09.2026 – 08.09.2026) -
ОСМИ СЕПТЕМВРИ ВО ДРЕВНА ЛИКИЈА
Комбинирана програма со директен лет од Скопје (02.09.2026-09.09.2026) -
МЕТРОПОЛИТЕ НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ
6 ноќевања со појадок (21.09.2026-29.09.2026) -
Незаборавна авантура во Јапонија - Земјата на изгрејсонцето
Лет од Скопје (01.09.2026-11.09.2026) -
КИНА - Септември
Полетување од Скопје (08.09.2026-17.09.2026) -
Патување низ боите на Мароко – каде што пустината се спојува со океанот
Лет од Скопје (22.09.2026-30.09.2026)












