МЕТРОПОЛИТЕ НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ
ВИЛНУС-ТАЛИН-РИГА-ХЕЛСИНКИ
(21.09.2026-29.09.2026)
Прв ден: 21.09.2026 (понеделник)-Скопје-Кавадарци-Солун
18.00 часот. Заминување на групата од Скопје во 20.00 часот од Кавадарци кон Грција. Пристигнување на аеродромот во Солун во вечерните часови.
Втор ден: 22.09.2026 (вторник) - Солун-Рига-Вилнус
Полетување кон Рига во 03.35 часот, слетување во 06:25 часот по локално време. Летот за Вилнус е во 07.50 часот, пристигнување во Вилнус во 08.40 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Amberton“ 4* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://ambertonhotels.com/vilnius/). Го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на организиран пешачки разглед на главниот град на Литванија, шармантен стар град во кој она што прво ќе го забележиме се црквите-ги има дури 28, што е просечно по една црква на 700 жители. Она што е особено значајно за Вилнус е стариот град кој е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство и е препознатлив по кратките улици и преубави згради, со што се создава единствена мешавина на архитектонски стилови. Во Вилнус ќе ја видиме и катедралата Свети Станислав и Владислав , некогашен пагански храм, а денес почивалиште на светецот заштитник на Литванија-Kazimir. Тука се наоѓа и една ознака која слободно можеме да ја наречеме чудо. Таа го означува крајот на човечкиот ланец формиран во 1989 година кога два милиони луѓе од Естонија, Латвија и Летонија се фатиле за раце протестирајќи против Советскиот Сојуз и на тој начин го направиле најдолгиот непрекинат човечки ланец во историјата. По организираниот разглед сместување на групата во хотелот. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 23.09.2026(среда)- Вилнус-Рига
Појадок. Организиран трансфер со автобус до Рига, главниот град на Латвија. Сместување на групата во хотел „Avalon“ 4* во срцето на стариот град (https://hotelavalon.eu/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Четврти ден: 24.09.2026 (четврток)- Рига
Појадок. Организиран пешачки разглед со локален туристички водич на градот кој е под заштита на Унеско. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе не` вратат во стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела Латвија, Споменикот на слободата... По организираниот разглед, слободно време за прошетка низ улиците кои изобилуваат со продавници, барови, ресторани и шарени фасади во јаки бои... Можеби не сте знаеле, но во Рига има повеќе од 800 згради изработени во art nuvo стил кои ќе ги препознаете по изрезбарените врати, богатите цветни декорации и скулптурите на жени. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
Петти ден: 25.09.2026 (петок)- Рига-Талин
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и со локален автобус се упатуваме кон Талин. По пристигнувањето, сместување на групата во хотелот „Metropol“ 3* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Шести ден: 26.09.2026 (сабота)- Талин
Појадок. Заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен музеј на отворено...Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа најпознатата готичка градба - 600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот Плоштад се наоѓа црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. Век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на советската влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Седми ден: 27.09.2026 (недела)- Талин-Хелсинки
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со локален автобус се упатуваме кон пристаништето, а од таму со брод кон Финската престолнина Хелсинки. Велат, Финците се најсреќен народ, можеби заради поларната светлина или пак поради кафето по чие конзумирање се први во светот. Околу два и пол часа трае пловидбата низ величествениот Фински Залив. По пристигнувањето, трансфер со автобус до хотелот „Arthur“ 3* (https://www.hotelarthur.fi/ ) . Сместување на групата и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Осми ден: 28.09.2026 (понеделник)- Хелсинки-Рига-Солун
Појадок. Организиран пешачкиот разглед на преубавата ќерка на Балтикот, како што го нарекуваат Хелсинки: Лутеранската црква Temppeliaukio позната како Црквата во камен, Руската Православна Црква, Плоштадот на сенатите, Хелсиншката Катедрала која е всушност Евенгелистичко-Лутеранска Катедрала, Националниот и Музејот на модерна уметност, Куќата на операта, паркот кој наликува на Њујоршкиот Централ Парк. Во самиот центар на градот се наоѓа централната библиотека наречена „Ооди“, објект вреден 98 милиони евра наречен „рај со книги“ во кој има над 100 илјади романи кои им се на располагање на читателите. Библиотеката секој ден ја посетуваат 10 илјади луѓе. По организираниот разглед слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови имаме организиран трасфер до аеродромот во Хелсинки. Летот за Рига е во 21.20 часот, пристигнување во 22.15 часот. Летот за Солун е во 23.40 часот, пристигнување во 02.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот во Солун до Кавадарци, односно Скопје. Пристигнување во вторник, 29.09.2026 во утринските часови.
Промотивна цена за уплата до 25.07.2026...... 1190 евра (73.780 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1290 евра (79.980 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Солун-Рига-Вилнус со вклучени аеродромски такси
• Авионски билет Хелсинки-Рига-Солун со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 1 ноќевање со појадок во хотел 4 * во Вилнус
• 2 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Рига
• 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Талин
• 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Хелсинки
• Билет за брод на релација Талин-Хелсинки
• Лиценцирани туристички водичи за време на сите разгледи
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Доплата за еднокреветна соба – 350 евра
• Туристичка такса – 16 евра за сите ноќевања ( се плаќа во агецијата)
• Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари). Целосна доплата на аранжманот до 21.08.2026.
Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа!
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
8.СЕПТЕМВРИ ВО КАВАЛА - 2026
Три ноќевања со појадок (05.09.2026 – 08.09.2026) -
ОСМИ СЕПТЕМВРИ ВО ДРЕВНА ЛИКИЈА
Комбинирана програма со директен лет од Скопје (02.09.2026-09.09.2026) -
Незаборавна авантура во Јапонија - Земјата на изгрејсонцето
Лет од Скопје (01.09.2026-11.09.2026) -
КИНА - Септември
Полетување од Скопје (08.09.2026-17.09.2026) -
ЦРНОМОРСКА АВАНТУРА ВО ТУРЦИЈА И ГРУЗИЈА
Комбинирана програма со лет од Скопје (17.09.2026 – 23.09.2026) -
Патување низ боите на Мароко – каде што пустината се спојува со океанот
Лет од Скопје (22.09.2026-30.09.2026)




















