ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Септември
ОСМИ СЕПТЕМВРИ ВО ДРЕВНА ЛИКИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ СЕПТЕМВРИ ВО ДРЕВНА ЛИКИЈА

Комбинирана програма со директен лет од Скопје

 

 

ФЕТИЈЕ- КАУНОС-КАЈАКОЈ-ОЛУДЕНИЗ-САКЛИКЕНД-ДАЉАН-АНТАЛИЈА

(02.09.2026-09.09.2026)

 

 

Некогаш тоа била Древна Ликија, сместена меѓу Средоземното Море и планината Таурус - денес е во областа Анталија и Мугла. За древните Ликијци се знае дека учествувале во освојувањето на Египет, дека во Тројанската Војна се бореле на страната на Троја, дека се освојувани од Персија, ослободувани од Александар Велики и дека долго биле провинција на Римското Царство...

 

 

Прв ден: 02.09.2026 (среда)- Скопје-Анталија-Фетије-Олудениз

 

00.05 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Анталија во 02.05 часот, слетување во 04:50 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон Фетије, туристички бисер на Анадолскиот Полуостров. По пристигнувањето сместување на групата во „Perdika Beach“ 3*** (https://perdikia.com/ ) кој се наоѓа во туристичкото место Олудениз во областа Мугла на само 250 метри од морето. Слободно време за одмор од патувањето, плажа и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 03.09.2026 (четврток)- Олудениз-Кајакој-Национален парк Плава Лагуна -Олудениз

 

 

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран разглед на градот на Сонцето кој има богата историја која се поврзува со древното Ликијско кралство во кое жителите имале свое писмо, јазик, обичаи и богови. Се упатуваме најпрво кон некогашното грчко село Кајакој кое денес важи за село на духовите. Имено, кога во 1922 година дошло до размена на жителите меѓу Грција и Турција, Грците кои со векови живееле во денешна Турција засекогаш си заминале во Грција, а Турците кои 500 години живееле во Грција се вратиле во Турција. Сепак, околу 400 камени куќи во ова село засекогаш останале ненаселени, па селото на духови денес е туристичка атракција. Тука ќе имаме можност да ги разгледаме интересните коцкасти камени куќи кои се градени на одредена оддалеченост една од друга за да не си прават самите на себе сенка. Поголем дел од објектите, како и две грчки цркви денеска се под заштита на Турската Влада. Потоа продолжуваме кон Националниот Парк Плава Лагуна. Всушност, тоа е официјално најубавата и една од најфотографираните плажи на Медитеранот-Олудениз или како уште го нарекуваат Мртвото Море. Слободно време за уживање на плажата распослана во оваа раскошна убавина на Средоземното Море која е опкружена со четинарска шума што придонесува за создавање на извонредни климатски услови. Олудениз е  речиси три километри долг полуостров со кристално чисто тиркизно море и блескаво бели песочни плажи. Местото изобилува со многу продавници и ресторани.  Во попладневните часови се враќаме во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 04.09.2026 (петок)- Олудениз-Национален Парк Сакликенд

 

Појадок. Заминуваме кон Националниот парк Сакликент што на турски значи „скриен град“. Всушност, станува збор за кањонот кој случајно е пронајден како резултат на овчарска потрага по коза која избегала, а до 1990 година ова место им е познато само на селаните кои живееле во близина.  Благодарение на промотивните филмови направени од Националната телевизија, во 1996 година е прогласен за Национален Парк кој годишно го посетуваат околу 210.000 туристи од целиот свет. Ова е најдолгиот кањон во Турција со површина од 17 километри , а неговата висина е над морското ниво-1100 метри. Камените ѕидови на кањонот се толку високи што ги блокираат дури и сончевите зраци. Растојанието помеѓу карпите понекогаш се намалува на 2 метри па може да се каже дека е невозможно да се види небото од овој предел.  Во кањонот досега се откриени 16 пештери и се смета дека луѓето живееле тука пред 3 илјади години. Слободно време за уживање во оваа неверојатна природна убавина и организиран ручек. Во договореното време се враќаме назад во хотелот во Олудениз. Слободно попладне за плажа и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 05.09.2026  (сабота)- Олудениз - Островот на желките - реката Даљан – Каунос -Кални бањи

 

Појадок. Организирано заминување на групата на целодневен излет до Островот на желките и реката Даљан. Пристигнуваме со автобус до место од каде нашето возбудливо  патување го продолжуваме со чамци пловејќи по реката Даљан, а посебно доживување на оваа пловидба е глетката кон остатоците од античкото археолошко наоѓалиште Kaunos , како и ликијските кралски гробници од IV-II  век пред нашата ера во хелинистички стил, издлабени високо во околните карпи. Зошто баш гробници во карпите? Ликијците верувале дека по смртта душата на луѓето се претвара во крилати суштества кои заминуваат на небото. Затоа луѓето биле закопувани да бидат што поблиску до небото. Колку покојникот бил поимотен и повлијателен, толку неговото гробно место било повисоко на карпите. Пристигнуваме на островот на желките каде ќе имаме слободно време за плажа. Доколку не` послужи среќата, ќе ги видиме големите желки кои се атракција за туристите и кои ги закопуваат јајцата во песокот на местото каде последниот дел од реката Даљан се влева во морето. Во договореното време заминуваме на организиран ручек. Потоа продолжуваме кон калните бањи кои, според потврдените податоци поседуваат највисок степен на радиоактивност- 98,3 и по квалитет се веднаш после калните бањи во Индонезија. Се верува дека калта е лековита и поволно делува кај луѓето кои имаат проблеми со ревматизам, лумбаго и кожни болести. Слободно време за забава на едно од најпопуларните места каде туристите секој момент го користат за фотографирање. Во попладневните часови враќање во хотелот во Олудениз. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 06.09.2026 (недела)- Олудениз

 

Појадок. Слободно време за плажа и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 07.09.2026 (понеделник)-Олудениз

 

Појадок. Слободно време за плажа и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 08.09.2026 (недела)-Олудениз-Анталија

 

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Анталија, еден од најголемите градови во Турција и најзначајното место за одмор на туристите. Организиран разглед со локален туристички водич на најзначајните објекти од кои се издвојува симболот на градот-Адријановата Порта, римска триумфална порта изградена во 130 година од нашата ера во чест на императорот Адријан. Целосно е направена од бел мермер со резба и рељефни украси. Ќе го видиме часовникот и џамијата  Yivli minaret, и ќе прошетаме низ стариот град каде ќе се имаме слободно време да уживаме во шоља турско кафе или традиционален турски чај. Во вечерните часови посета на Мол Центар каде ќе имаме слободно време за индивидуални активности. Во договореното време трансфер до аеродромот во Анталија. Полетување од Анталија во 00.25 часот, пристигнување во Скопје на 09.09.2026 во 01.15  часот.  

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.07.2026 ....899 евра

 (55.740 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........959 евра (59.460 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје - Анталија - Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 6 ноќевања во Олудениз во хотел со 3* на база HB (појадок и вечера)  

• Влезници за селото Кајакој и Националниот Парк Олудениз

• Влезница во Националниот Парк Сакликенд и организиран ручек

• Влезница во Калните бањи, трансфер со чамци по реката Даљан и организиран ручек

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

Доплата за еднокреветна соба – 280 евра

Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (15.500 денари). Целосна доплата на аранжманот до 05.08.2026 година. Секоја  резервација без уплата е валидна 48 часа!

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)