ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Корисни информации
Општи услови за патување
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

Доколку сакате да резервирате престој во хотел преку нашиот систем (online или директно во нашите агенции), задолжително треба да ги прочитате и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИИ НА ХОТЕЛИ ПРЕКУ ТА АТЛАНТИК ТУРС


 

Општи услови за патување со ТА Атлантик Турс:
(овие услови морате да ги потпишете во агенцијата при уплата за било кој аранжман)

 

1. СОДРЖИНА НА ПАТУВАЊЕ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на ”виша сила” која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот или слично).

 

2. ПРИЈАВА - ДОГОВОР И УПЛАТА

Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави може да се извршат во агенциите на АТЛАНТИК ТУРС и во сите други агенции овластени за продажба на програмите. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдување на резервацијата од службата за резервации и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член.6 - “право на патникот за откажување од патувањето”. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава - “Изјавувам дека сум запознаен/а со програмата и со Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам!” со што Општите услови на патување стануваат обврска за организаторот и за патникот.

 

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во денари или во евра со обврска за плаќање воденарска противвредност според курсот објавен од страна на организаторот.Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања.Организаторот го задржува правото на промена на цената на аранжманот во случај напромена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај напромена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не епотребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата). Призголемување поголемо од 10% купувачот има право да го раскине договорот без обврскада ја надомести штетата произлезена од отказот.

 

4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ 

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација вовреме на издавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираатлокалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни подестинации и не се споредуваат. Организаторот не презема одговорност за било каквадруга усна или писмена информација која не е во согласност со описот на услугите вопонудената програма.

 

5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраење или содржина) вослучај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне илиотстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаи кога нема можност за сместување ворезервираниот објект поради технички причини или “over booking” од страна нахотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениотмомент во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај нанедоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман.Организаторот е должен да ги информира сите купувачи за отказот најмалку 5 денапред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатенитесредства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

 

6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО 

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во

писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплатанаотказнитетрошоци(воодноснаосновнатаценанааранжманот),споредследнатаскала:

 

- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%

- за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10%

- за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20%

- за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50%

- за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%

- ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговатареализација,организаторотќегонаплатицелокупниотизноснааранжманотодносно100%

 

- Во случај на отказ на веќе потврдена резервација на барање” организаторот ќенаплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација.

 

- Доколку патникот го менува терминот на тргнување на истиот аранжман најмалку15 дена пред денот на претходно потврденото тргнување, доколку е можноорганизаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативнитрошоци во износ од 10 Евра, по пријава-договор.

 

- Доколку патникот се откаже од аранжманот пред почетокот на патувањето,поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повредаили смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа наважечка потврда однадлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци понаведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажување нааранжманот кои организаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација.

 

- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (завреме на патување или за време на престој во местото на престојување), поради настаникои се резултатна виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарнинепогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторотможел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не сноси одговорност нитуима обврска за возврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниотдавател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 

7. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот наизвршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи заинтересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот.Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени запоединечниотаранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување науслугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случајна промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и оддоцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговара според позитивнитепрописи и меѓународните конвенции.Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни соиздавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобривлез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат порадиевентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овиеслучаи патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци.

 

 

8.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи лично неговите документи да гиисполнуваат условите предвидени

со граничните, царинските, здравствените и другитепрописи на својата земја како и земјата во која патува, да се придржува кон куќниот редвоугостителските и хотелските објекти како и во

превозните средства и да соработувасо претставникот на организаторот и извршителите на услугите

во добра намера. Вослучај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот занаправената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односновозилото можат

да бидат отстранети од аранжманот.Патникот е должен да поседува важечки пасоши, да се информира кај организаторотдали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува транзит) е потребнавиза, за таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните ицаринските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да гичува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сетовреме на патувањето.

 

9. ПРЕВОЗ 

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација, во согласностсо пропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја проверисвојата резервација за лет во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јавина аеродромот и местото “check-in” и предавање на багаж во вообичаеното време - час иполовина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионскипревоз (за истите може да се обрати во агенцијата).При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да сепријави кај претставникот на агенцијата половина час пред тргнување на автобусот. Даго почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот,како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување на саатниците натргнување или на попатните застанувања и одмори, како и поради евентуалнозадржување на граничните премини поради неисправни патни документи или царинскипрекршок, возилото не е обврзано да го чека патникот повеќе од вообичаеното време.

 

10. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15кг на чартер летовите и 20кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багажод една патна торба

(до 20кг) по патник. За секој килограм багаж, односно патна торбаповеќе од дозволеното, се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, немаат право набесплатен багаж. Како багаж, не се дозволува внесување на трговскастока, храна,пијалоци, лекови наркотици, хемиски средства, оружје, животни, растенија, амбалажи ислични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот солично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажотсе грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направиполиса за Патничко осигурување

со осигурување на багаж преку осигурителнакомпанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара зауништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености завреме на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција).

 

11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да гипочитува здрав- ствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина илиздравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето нааранжманот, трошоците за лечење или евен-туални лекарски интервенции ги плаќапатникот. Поради тоа Ви препорачуваме, пред патувањето да направите полиса заПатничко осигурување преку Осигурителна компанија, која може да се уплати воагенцијата.

 

12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ 

Доколку патникот-закупувач не договорил соба-апартман со посебни карактеристики, ќеприфати било која официјално регистрирана соба-апартман за сместување водоговорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно,организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор,ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквотобарање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собитее до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

 

13. РЕШАВАЊЕНА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има правона соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор доорганизаторот. Секој патник-носител (потписник) на договорот има право на приговорврз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима вопроцедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основана еден приговор.

 

Постапка за поднесување приговор:

- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кајпретставникот на органи- заторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите.Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите водобра намера за да се отстранат причините за пригово- рот. Доколку патникот на самотоместо не го прифати понуденото решение за рекламација кое одговара на уплатенатауслуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и немада одговори на истата.

- Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, патникот за тоа составува сопретставникот писмена потврда (записник).

- Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писменприговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложуваписмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалнитесметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура самопотполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

- Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемотна приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот нарешението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка нанаведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава самооние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети причинитекои ги предизвикале.

- Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува одпосредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации војавните медиуми.

- Највисока надокната по приговорот може да постигне сума до износот нарекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористенитеуслуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото накупувачот за наплата на “идеална штета”.

 

Нарушување на постапката за решавање на приговори:

Во контекст на точка 13. и пропишаната постапка за поднесување и решавање наприговор, евентуално непридржување на купувачот-патникот кон истата, илинарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, вопеттата ставка од истата дава причина за неприфаќање на истите приговори,прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениотуглед во јавноста.

 

14. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ 

- Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има право нарекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението наорганизаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на судот на честа наСКТМ или од страна на надлежниот Суд во Скопје.

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)