ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Корисни информации
Во кои земји можете да патувате без виза?
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Во кои земји можам да патувам без виза?

Новите правила за безвизно патување се применуваат во сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија и Ирска, како и во Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Листа на земји:

Aвстрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија.

 

Колку време можам да останат во Шенген зоната?

Граѓаните од Република Македонија кои поседуваат биометриски пасош можат да останат во Шенген зоната максимум до 90 дена од датумот на влез во период од шест месеци (180 дена). Овој период се смета од вашиот прв влез на територијата во рок од шест месеци. На пример, доколку сте влегле во Шенген-зоната на 1 февруари, следниот шестмесечен период започнува на 1 август. Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 6 месеци.

 

Дали можам да живеам и работам во Шенген зоната?

Новите правила се однесуваат само на патувањата. Според новите правила, граѓаните на поранешна Југословенска Република Македонија не добиваат право да престојуваат повеќе од 3 месеци или пак да се вработат во Шенген зоната. Доколку планирате да останете подолго од три месеци, да се вработите или пак да студирате во временски период подолг од 90 дена, имајте предвид дека пред вашето заминување, мора да поднесете апликација за виза за долг престој, дозвола за престој или работна дозвола во амбасадата или конзулатот на земјата во која ќе патувате. Работа или престој во Шенген-зоната без релевантна национална дозвола за работа или престој се незаконски.

Препораки за патниците:

• Патувајте со сигурни туристички агенции.

• Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови (документ/потврда од главната здравствена установа). Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.

• Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).

• Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата,градот,телефонскиот број и името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната или на пребарувачите на интернет. Европскиот број за итни случаи е 112 и се применува за сите земји на ЕУ (за полиција, прва помош или противпожарни бригади).

 

 


Извор:
https://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/eu_travel/uvl_mk.pdf

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)