ВЕЛИГДЕН ВО ГРУЗИЈА И ЕРМЕНИЈА
Со лет од Скопје
(30.04.2027-06.05.2027)
Овој Велигден сме во првата христијанска земја во светот... Две земји со древни цркви и манастири, специфична архитектура, сопствени азбуки кои никој друг не ги користи, модерен живот со традиционален шарм, карактеристична кујна, најубави вина на светот...
Две сосема посебни култури на Кавказот!
Прв ден: 30.04.2027 (петок)- Скопје-Варшава-Тбилиси
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.30 часот. Полетување кон Варшава во 17.30 часот, слетување во 19:30 часот. Летот за Тбилиси, главниот град на Грузија е во 22.45 часот, пристигнување во 04.25 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Glarros“ 5* кој се наоѓа на одлична локација во строгиот центар на Тбилиси (https://www.glarros.com/ ). Сместување на групата и одмор од патувањето.
Втор ден: 01.05.2027 (сабота)-Tbilisi–Kakheti-Signagi-Tbilisi
Појадок. Започнуваме со откривање на Грузија, земјата сместена помеѓу Европа и Азија, каде што Кавкаските Планини се допираат со Црното Море. Со историја стара илјадници години, Грузија е позната по една од најстарите традиции за производство на вино во светот, посебната азбука што не се користи на ниедно друго место и културата обликувана од векови, трговија, освојувања и отпорност долж древниот Пат на свилата. Денот е посветен на регионот Kakheti, историски регион во Грузија, познат по винариите и старите манастири. Започнуваме со посета на палатата на Chavchavadze која е вистински прозорец кон минатото. Во текот на 19. век, во Грузија доаѓаат западните идеали и вредности. Aleksandre Chavchavadze-поет, преведувач, воена фигура, бизнисмен и основач на грузискиот романтизам, одиграл клучна улога во воведувањето на европската култура и образование во Грузија, особено на истокот на земјата. Палатата изградена во 1830-та година, која опфаќа површина од 18 хектари земјиште на кое успеваат егзотични растенија, сведочи за префинетиот вкус и прогресивноста на ова семејство, а музејската колекција која се наоѓа во палатата на познатиот грузиски поет опфаќа предмети што го претставуваат и животот и творештвото на поетот и неговата епоха. Го продолжуваме нашето патување до градот на љубовта Signahi, кој се смета за најромантично и најубаво место во Kakheti. Градот е опкружен со 23 кули и 6 порти; додека шетаме по неговите калдрмисани улици низ кои тече мирен селски живот сфаќаме зошто многумина го сметаат за совршено место за заљубени парови. Во Kakheti ќе имаме можност да прошетаме по градскиот ѕид, изграден во 1172 година од кралот Ерекле Втори. Четириипол километарски ѕид нуди прекрасни глетки на долината Алазани и на Кавкаските Планини во далечината. На крај го посетуваме Манастирот на Света Нина во Bodbe, Грузиски Православен манастирски комплекс чија изградба започнала во 4-ти век, иако црквата и другите објекти кои можат да се посетат денес датираат од 9-ти и 17-ти век. Манастирот е изграден на местото каде што е погребана Света Nina, која во IV век ја донела христијанската вера во Грузија. Bobde и денес функционира како женски манастир и е едно од најпосетуваните места за поклонение во Грузија. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 02.05.2027 (недела)-Tbilisi-Mtskheta
Заминуваме на организиран разглед на Тбилиси со локален туристички водич, откривајќи го градот во кој се комбинира модерното со традиционалниот шарм. Дом на повеќе од милион жители, Тбилиси е населен скоро 6 илјади години, а како град постои од 5-от век. Во текот на 1500 години историја, 29 пати бил разрушуван и возобновуван од различни персиски, арапски, селџуски и монголски империи. Започнуваме од пред платото на храмот Metekhi од каде има совршен панорамски поглед кон стариот град: тврдината Narikala, областа Bath и Meidani. Пристигнуваме до тврдината Narikala и Krtlis Deda, а на спуштање кон населбата Bath ќе поминеме покрај џамијата и ќе уживаме во природниот водопад кој се наоѓа во срцето на стариот град. За време на организираниот разглед ќе видиме храмови на различни религии: грузиски и ерменски цркви, Синагогата и џамијата. Одејќи низ старите градски улици ќе сретнеме интересни скулптури, ќе стигнеме до Саат кулата и ќе ја завршиме нашата обиколка на Плоштадот Слобода. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови одиме во разглед на Mtskheta, античкиот главен град на Грузија кој е препознаен од УНЕСКО како светско наследство. Mtskheta е верскиот центар на земјата, грузискиот „Втор Ерусалим“ и едно од најстарите постојано населени места во светот. Во Mtskheta ќе го посетиме Манастирот Jvari на врвот на ридот над градот, изграден на местото каде што во 4-ти век Св. Нино поставила дрвен крст во чест на победата на христијанството како официјална религија во Грузија. На крај одиме во Катедралата Svetitskhoveli Cathedral (Cathedral of Living Pillar) која се смета за најсветата црква во Грузија. Во Катедралата почиваат многу грузиски кралеви, а се верува дека под неа е закопан и плаштот во кој бил завиткан Исус по неговото распнување. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 03.05.2027 (понеделник)-Tbilisi-Yerevan
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со автобус се упатуваме кон Ерменија, уште една земја во јужен Кавказ позната по својата богата историја, старите манастири и величествените планини. Пристигнуваме во главниот град Јереван и се сместуваме во „Yerevan Place Hotel“ 4* во центарот на градот (https://yerevanplace.com/). По краткиот одмор од патувањето заминуваме на организиран разглед на градот. Познат како „розовиот град” поради многуте градби изградени од вулкански розов камен, Ереван е 30 години постар од Рим и денес е дом на околу еден милион жители. Започнуваме со Плоштадот на Републиката, со прекрасната фонтана Yot Aghbyur што во превод значи „Фонтана на седумте пролетти“ и опкружен со зградата на Владата на Ерменија и на Министерството за комуникации, па продолжуваме кон комплексот Каскади кој нуди фантастичен поглед на Јереван, а во чие подножје се наоѓаат повеќе скулптури од светски познати автори. На крај се спуштаме кон Плоштадот на Слободата и Францускиот Плоштад, опкружени со мноштво улици со продавници, ресторани и барови. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 04.05.2027 (вторник)-Yerevan-Khor Virap-Naravank
Појадок. Заминуваме со автобус кон Khor Virap, еден од најголемите и најпознатите манастири на Ерменската Апостолска Црква, директно поврзан со прифаќањето на христијанството во земјата во 301 година. Khor Virap, што во превод значи длабока темница, се наоѓа на планината Ararat на чиј врв, според легендата, застанал бродот на Ное после големиот потоп. Црквата се наоѓа на араратската висорамнина од каде се простира прекрасен поглед на планината Ararat која географски ѝ припаѓа на Турција. Ова е еден од најважните духовни и културни споменици во Ерменија. Манастирот станал познат како место каде паганскиот ерменски крал Tiridar III го држел Светиот Григориј Просветителот во затвор цели 13 години заради тоа што го проповедал христијанството. Кога кралот се разболел и почнал да полудува, неговата сестра сонила сон во кој ангелот ѝ кажал дека само затвореникот од Khor Virap можел да го излечи нејзиниот брат. Св. Григориј успешно го излекувал кралот, по што тој го прифатил христијанството како државна религија, со што Ерменија во 301-та година станала првата христијанска земја во светот. Манастирот денес претставува најзначајно место за поклонение и најпопуларна туристичка дестинација во земјата. Од таму се упатуваме кон еден од најпознатите манастири Naravank, основан во 13-ти век и сместен меѓу преубави стрмни карпи. Изграден е на тесната кривулеста клисура над реката Amaghu и е ремек-дело на средновековната ерменска архитектура, главен религиозен и културен центар во минатото и резиденција на принцовите од династијата Orbelia. Според локалните верувања, во него некогаш се чувало парче од вистинскиот крст на кој бил распнат Исус. За крај одиме во пештерата Arena чие откритие го сменило разбирањето на историјата на човештвото – во неа е пронајдена најстарата винарија во светот, во која се произведувало вино сњ уште пред 6000 години, како и совршено сочувана кожна обувка стара 5500 години, постара од египетските пирамиди. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Шести ден: 05.05.2027 (среда)-Yerevan-Garni-Geghard
Појадок. Продолжуваме со откривањето на Ерменија со посета на древниот локалитет Garni - сликовито место во кое е сместен единствениот сочуван пагански храм на Ерменските кралеви. Изграден е во 1. век од новата ера во стилот на класичните римски храмови со столбови во јонски стил. Сместен е над реката Azat и нуди спектакуларен поглед кон околните планини и долини. Од таму се упатуваме кон манастирскиот комплекс од 4. век Geghart, еден од најубавите и најзначајните манастири во Ерменија, познат по тоа што делумно е исклесан во карпа. Основан е од Свети Григориј Просветител, а името Geghart значи копје и се однесува на светото копје со кое бил прободен Исус и кое, според верувањата некогаш се чувало во овој манастир. Geghart е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство. Враќање во Јереван, а до крајот на денот слободното време за индивидуални активности. Ноќевање.
Седми ден: 06.05.2027 (четврток)- Ереван-Варшава-Скопје
Рано утрото одјавување од хотелот и организиран трансфер кон аеродромот во Јереван. Полетување кон Варшава во 04.20 часот, слетување во 06:15 часот по локално време. Летот за Скопје е во 10.50 часот, пристигнување во 12.55 по локално време.
Промотивна цена за уплата до 25.09.2026...... 1099 евра (68.140 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1199 евра (74.340 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје-Варшава-Тбилиси со вклучени аеродромски такси
• Авионски билет Ереван-Варшава-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 3 ноќевања во Тбилиси во хотел со 5*
• 3 ноќевања во Јереван во хотел со 4*
• Влезници во објектите кои се посетуваат
• Лиценциран локален туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Патничко осигурување
• Виза за Ерменија
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.09.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)
Втора рата до 21.11.2026, трета рата до 21.01.2027. Целосна доплата на аранжманот до 27.02.2027. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА












