ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Април - 2027
Алжир - Приказна од срцето на Сахара
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Алжир - Приказна од срцето на Сахара

Algiers-Cherchell-Constantine-Ghardaia-Algiers

 

(07.04.2027-14.04.2027)

 

 

Модерна и трациционална, урбана и пустинска, воздржана, но полна со енергија... Дом на мистериозните „Сини луѓе“ сместена меѓу карпести, песочни рамнини од едната страна и медитеранскиот брег од другата. Алжир - совршена комбинација од античка историја, медитерански шарм и суровата убавина на Сахара...

 

Земја на контрасти, идеална дестинација за автентични патувања!

 

Прв ден: 07.04.2027 (среда)-Скопје-Истанбул-Алжир

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11:20 часот по локално време. Летот за Алжир е во 15.00 часот, пристигнување во 16.45 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до градот и сместување во хотел “Ralf” 4* или друг хотел од иста категорија. Одмор од патувањето и слободно време. Ноќевање. 

 

 

Втор ден: 08.04.2027(четврток)- Алжир

 

Појадок, а потоа започнуваме со истражување на Алжир, најголемата земја во Африка, во која Средоземното Море се среќава со Сахара. Низ вековите овие простори ги обликувале Берберите (Амазигите), Феникијците, Римјаните, Арапите, Османлиите и Французите, а земјата има седум локалитети под заштита на УНЕСКО, од кои на ова патување ќе посетиме четири. Денот го започнуваме со разглед на главниот град, чие име Al-Djazaïr значи “островите”, а поради белите градби што се протегаат над заливот често го нарекуваат и “Белиот град”. Првата посета е Casbah, стариот дел на градот кој од 1992 година е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Во лавиринтот од тесни скалести улички, османлиски куќи со внатрешни дворови и некогашни палати се одвивале клучните настани од борбата за независност на Алжир. Продолжуваме со џамијата Ketchaoua од 17. век, која во 19. век била претворена во катедрала, а по осамостојувањето повторно станала џамија, со необична мешавина од мавританска и византиска архитектура. Следуваат плоштадот Place des Martyrs покрај пристаништето и Bastion 23, комплекс од османлиски палати и куќи, некогаш дел од утврдувањата на корсарските капетани (reïs), кој денес е културен центар. По пауза за ручек, се искачуваме до базиликата Notre-Dame d’Afrique, изградена во 19. век во неовизантиски стил на гребен над морето, од каде се отвора величествена панорама кон Алжирскиот залив. Враќање во хотелот и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера и ноќевање.

 

 

Трет ден: 09.04.2027 (петок)- Алжир-Cherchell-Tipaza-Алжир

 

Појадок, а потоа тргнуваме на целодневна екскурзија по средоземното крајбрежје западно од Алжир. Најпрво застануваме во Cherchell, град кој во антиката бил познат како Iol, а подоцна како Caesarea – престолнина на мавретанскиот крал Juba II, а потоа на римската провинција Mauretania Caesariensis. Во археолошкиот музеј се чува една од најзначајните колекции на римски скулптури и мозаици во земјата, а низ градот ќе ги видиме и остатоците од римските градби. Продолжуваме кон Tipaza, поранешно феникиско трговско пристаниште, подоцна римска колонија и значаен центар на раното христијанство, која од 1982 година е заштитена од УНЕСКО. Во археолошкиот парк, сместен на самото крајбрежје, ги разгледуваме рушевините на римскиот град, амфитеатарот и базиликата, со поглед кон Средоземното Море, пејзаж што го инспирирал и писателот Albert Camus во есејот “Noces à Tipasa”. Во доцните попладневни часови се враќаме во Алжир. Вечера и ноќевање.

 

 

Четврти ден: 10.04.2027 (сабота)- Алжир-Djemila-Constantine

 

Појадок, а потоа се одјавуваме од хотелот и тргнуваме кон исток, кон внатрешноста на земјата. Ова е најдолгиот ден на патувањето, со околу 430 километри, па затоа по патот ќе направиме неколку паузи за одмор. Целта е Djemila, чие име на арапски значи “убавата”. Djemila е всушност античкиот Cuicul, римска колонија основана кон крајот на 1 век, сместена на околу 900 метри надморска височина, која од 1982 година е заштитена од УНЕСКО и се смета за еден од најдобро зачуваните римски градови во Северна Африка. Градот е специфичен по тоа што е прилагоден на планинскиот терен, па не ја следи строгата римска шема. Ќе ги разгледаме форумот, храмовите, меѓу кои и храмот посветен на династијата Septimius Severus, триумфалната порта на Caracalla, римските бањи и музејот со богата колекција на мозаици. По разгледот продолжуваме кон Constantine, каде пристигнуваме во вечерните часови. Сместување во хотел “Novotel” 4* или во друг хотел од иста категорија. Вечера и ноќевање.

 

 

Петти ден: 11.04.2027 (недела)-Constantine-Ghardaïa

 

Појадок, а потоа организиран разглед на Constantine, “градот на мостовите”, драматично сместен на карпеста висорамнина во која реката Rhumel издлабила длабока клисура. Основан од Феникијците како Cirta, градот бил престолнина на нумидиските кралеви, а во 313 година го добил денешното име по римскиот император Константин Велики. Започнуваме со мостовите што ги поврзуваат двата брега на клисурата: висечкиот мост Sidi M’Cid од 1912 година и мостот Salah Bey, од кои се отвораат спектакуларни погледи. Потоа ќе ја посетиме палатата на Ahmed Bey, изградена во 19 век како резиденција на последниот османлиски бег на Constantine, со внатрешни дворови, градини и сликани ѕидни декорации, прекрасен пример за османлиско-мавританската архитектура. Следува прошетка низ стариот дел на градот и панорамските видиковци, а завршуваме со џамијата на Emir Abdelkader, една од најголемите во Алжир, посветена на водачот на алжирскиот отпор против францускиот колонијализам во 19 век. Вечера. Во вечерните часови организиран трансфер до аеродромот во Constantine и лет за Ghardaïa во 21:10 часот, слетување во 22:15 часот. Трансфер до хотелот “Belvedere” 4* или друг хотел од иста категорија. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 12.04.2027 (понеделник)-Ghardaïa

 

Појадок, а потоа тргнуваме кон долината M’Zab, сместена околу 600 километри јужно од Алжир, на работ на Сахара, која од 1982 година е под заштита на УНЕСКО. Овде, од 11 до 14 век, Мозабитите, берберски народ кој го следел ибадитскиот ислам, изградиле пет утврдени населби (ксури) во суровата пустинска средина, со архитектура толку складна и функционална што ги инспирирала и современите архитекти. Куќите во песочни и пастелни тонови се качуваат во концентрични кругови околу џамијата на врвот на ридот, чие минаре служело и како стражарска кула. Денот го започнуваме со разглед на Ghardaïa, најголемата населба во долината, со прошетка низ стариот дел и тесните улички и со посета на пазарот на централниот плоштад, познат по атмосферата и по традиционалната трговија. Продолжуваме кон Beni Isguen, најсветата и најконзервативна од населбите, а денот го заокружуваме со палмовата оаза во подножјето на населбите, каде што имаме можност да го видиме вековниот систем за наводнување со брани, бунари и канали, со кој Мозабитите ја распределувале ретката вода. Ручек. Дел од попладнето е слободен за пазарење на ткаенини, сувенири и занаетчиски производи и за запознавање со локалната култура. Вечера и ноќевање.

 

 

Седми ден: 13.04.2027 (вторник)-Ghardaïa-Алжир

 

Појадок и одјавување од хотелот. Во претпладневните часови продолжуваме со запознавањето со долината M’Zab и нејзините ксури: во зависност од времето, ќе ги посетиме El Atteuf, најстарата населба, основана во 1012 година, и Bou Noura, како и на последно слободно време за индивидуални активности. Попладне се упатуваме кон аеродромот во Ghardaïa и се качуваме на лет за Алжир во 15:50 часот, слетување во 17:00 часот. Трансфер до хотелот “Ralf” 4* или друг хотел од иста категорија. Слободно време за одмор, вечера и ноќевање.

 

 

Осми ден: 14.04.2027 (среда)-Алжир -Истанбул-Скопје

 

Појадок, а потоа одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Алжир. Полетување кон Истанбул во 11.10 часот, слетување во 16.50 по локално време. Поаѓање кон Скопје во 18.55, слетување во 19.25 по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 01.12.2026 ....1590 евра (98.580 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1690евра (104.780 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Алжир-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Constantine- Ghardaïa со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Ghardaïa-Алжир со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 4 ноќевања со појадок во хотел во Алжир

• 1 ноќевање со појадок во хотел во Constantine

• 2 ноќевања со појадок во хотел во Ghardaïa

• 6 вечери

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра

• Виза за Алжир и услуга за визирање - 50 евра

• Бакшиши за локални водичи и возачи

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 350 евра (21.700 денари) најдоцна до 01.12.2026, втора рата до 01.02.2027. Целосна доплата на аранжманот до 01.03.2027. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)