Вила 1 Сирково има добиено Решение за упис во регистарот на угостителски објекти од мал обем и е категоризирана како угостителски објект од втора категорија со две ѕвезди. Изградена е исклучиво од природни материјали – дрво и во неа можат да се сместат три возрасни лица или двајца возрасни и две малолетни деца. Куќичката е опремена со еден дупли кревет и една гарнитура за седење на која можат да спијат две деца или едно возрасно лице. Во овој сместувачки капацитет има мини фрижидер, клима уред чие користење е вклучено во цената и телевизор. Прозорците се заштитени со комарници. Вилата е опремена со постелнина и крпи. Имајќи превид дека се води голема грижа за да не се загадува околината со копање септички јами, тоалетот се наоѓа надвор од вилата во издвоена просторија која им е на користење исклучиво на гостите. Опремен е со туш кабина, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори и со бојлер на електрична енергија. Вилата има сопствен двор опремен со маса и столчиња кои имаат поглед кон шумичката. Вилата има сопствен паркинг простор. За време на летните месеци на гостите им е на располагање простор за релаксација-монтажен базен околу кој се поставени лежалки и чадори за сонце. Целиот простор е покриен со безжичен интернет. До сите содржини има обезбедено пристап за лица со инвалидитет.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА