Магичните градови и замоци на Ирска
Голвеј-Корк-Даблин
(20.05.2027-25.05.2027)
Ирска е земја каде што се среќаваат античките митови и модерното гостопримство по суровата, смарагдно-зелена крајбрежна линија. Од бучните книжевни улици на Даблин до стрмните Мохеровите карпи измиени со морска сол, земјата нуди пејзаж обликуван од историјата и немилосрдниот Атлантски Океан. Тука ќе сретнеме култура вкоренета во приказните, традиционалната музика и легендарното чувство за хумор. Тоа е дестинација која делува безвременски и освежително живо, поканувајќи Ве да успорите и да го прифатите нејзиниот ритам...
Прв ден: 20.05.2027 (четврток)- Скопје-Истанбул-Даблин-Голвеј
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 по локално време. Летот за Даблин е во 12.25 часот, пристигнување во 16.00 по локално време. Организиран трансфер со автобус до Голвеј, центарот на ирската култура. Сместување во хотелот„Ardilaun” 4*, во Salthill, преградие на Голвеј познато по долгите плажи и ресортите што привлекуваат туристи од цела Ирска. Одмор од патувањето и ноќевање.
Втор ден: 21.05.2027 (петок)- Голвеј
Појадок. Започнуваме со откривање на “Смарагдниот остров” – дом на повеќе од 30.000 замоци и најмногу добитници на Нобелова награда по литература по глава на жител, земјата која прв пат почнала да ја прославува “Ноќта на вештерките”, во која бил изграден бродот Титаник и од каде доаѓа најпознатото пиво во светот. Одиме во прошетка низ Голвеј, познат по боемската атмосфера и по многубројните пабови, барови и настани – во градот се случуваат повеќе од 120 фестивали во текот на годината. Главната пешачка улица во градот е полна со улични музичари, а во едно од нејзините ќошиња на 14 години кариерата ја започнал и познатиот музичар Ед Ширан. Организиран разглед на Голвеј со посета на црквата Свети Никола, која е најголемата средновековна црква во Ирска што е сеуште во функција; замокот на семејството Линч изграден во 15-ти век; Плоштадот Eyre, големата катедрала на Голвеј, историскиот латински кварт и други знаменитости. Слободно време за индивидуално истражување на градот и уживање во уникатната атмосфера што ја создаваат над 400 локални пабови, или за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 22.05.2027 (сабота)- Голвеј-Гребените на Мохер-Корк
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон Корк, вториот најголем град во Ирска. Попатно застануваме на едно од најпознатите места во Ирска – Гребените на Мохер, кои нудат уникатни глетки на Атлантскиот Океан од кои застанува здивот. Оформени пред 320 милиони години, гребените надвиснуваат над океанот на висина од 214 метри во должина од 14 километри. Слободно време за прошетка низ величествената природа и набљудување на разновидните птици кои таму се вгнездуваат, вклучувајќи ги и пафините кои живеат само во северниот дел од Атлантскиот Океан. Попладнето пристигнување во хотелот “Maldron Hotel Shandon” 4*, лоциран во центарот на градот. Краток одмор од патувањето, па одиме во организиран разглед на градот. Сместен сред најплодните полиња на југот од Ирска, Корк бил првично основан како монашка населба, а потоа изграден како населба од страна на Викинзите. Се наоѓа на второто најголемо природно пристаниште во светот, кое било последното место каде што закотвил Титаник пред да го продолжи кобното патување кон Њујорк. Ќе ги посетиме главните атракции на Корк – англискиот пазар познат по архитектурата од 19-от век и по локалните специјалитети кои таму можат да се пробаат, катедралата Свети Finbar, Готска Црква посветена на заштитникот на градот; главната пешачка улица Свети Патрик, и други знаменитости. Слободна вечер за уживање во атмосферата на градот и локалните ресторани по кои Корк е нашироко познат. Ноќевање.
Четврти ден: 23.05.2027 (недела)- Корк-Бларни-Даблин
Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Корк, а околу пладне се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон последната дестинација од нашето патување – Даблин. Најпрво застануваме во гратчето Blarney во околината на Корк, за да ја видиме една од најголемите туристички атракции во целата земја. Замокот во Бларни е еден од најпознатите во Ирска, основан во 1446 година од страна на еден од локалните лордови. Иако оштетени од времето и многуте битки, замокот и неговата средновековна камена кула сеуште стојат исправени и сведочат за бурната историја на Ирска. Уште попознати се совршено уредените градини со ретки дрвја и растенија од целиот свет. Во Даблин пристигнуваме во вечерните часови и се сместуваме во хотелот “Arlington” 3*, лоциран во самиот центар на градот. До крајот на денот слободно време за одмор од патувањето и индивидални активности. Ноќевање.
Петти ден: 24.05.2027 (понеделник)- Даблин
Појадок, а потоа тргнуваме на организиран разглед на Даблин. Главниот град на Ирска е стар над илјада години, бил основан од Викинзите и во него се наоѓа барот кој се смета за најстар во светот, отворен уште во 1198 година. Ја посетуваме катедралата на Исусовата Црква, една од најимпозантните средновековни градби во Даблин и најстарата зграда што е сеуште во функција, изградена во 1030 година. Продолжуваме кон Плоштадот Мерион, највеличествениот плоштад од периодот на владењеето на четирите британски кралеви со име Џорџ – период познат во историјата на градот како “Џорџиев Даблин”. Ќе го видиме и познатиот колеџ “Trinity”, основан во 1592 година од кралицата Елизабета I, како и Даблинскиот Замок со неговите градини, кој денес Ирската влада го користи за официјални приеми. Има уште многу значајни историски градби во Даблин, а ние ќе посетиме уште една – Катедралата Свети Патрик, најголемата и најстарата катедрала во Ирска, и една од најважните готски градби. Слободно време за прошетка низ познатите шопинг улици Nassau и Grafton и за индивидуални активности во Даблин – градот кој е дом на повеќе од 700 ирски пабови и на познатата пивница Guiness, која во 1759 година креаторот на познатото пиво ја изнајмил на 9000 години. Ноќевање.
Шести ден: 25.05.2027 (вторник)- Даблин-Истанбул-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Даблин. Полетување кон Истанбул во 10.40 часот, слетување во 17.10 по локално време. Поаѓање кон Скопје во 18.50, слетување во 19.20 по локално време.
Промотивна цена за уплата до 25.09.2026......1590 евра (98.580 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1690евра (104.780 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Даблин- Истанбул -Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите локални трансфери
• 2 ноќевања со појадок во хотел Ardilaun 4* во Голвеј и користење на СПА центарот
• 1 ноќевање со појадок во хотел Maldron Hotel Shandon 4* во Корк
• 2 ноќевања со појадок во хотел Arlington 3* во Даблин
• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер
• Лиценциран туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Доплата за еднокреветна соба – 450 евра
• Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)
• Услуга за визирање – 30 евра
• Патничко осигурување
Напомена: На Македонските државјани им е потребна виза за влез во Ирска. Со резервацијата се обврзувате да ги обезбедите потребните документи за издавање виза. Агенцијата посредува за визирање, но не гарантира дека визата ќе биде одобрена.
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.09.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)
Втора рата до 20.11.2026, трета рата до 20.02.2027. Целосна доплата на аранжманот до 20.04.2027. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА












