Лето 2027 на една од најубавите плажи во Италија–Брегот на Амалфи со директен лет од Скопје!
Единствено со „Атлантик Турс“ ова лето ќе имате можност да уживате во прекрасното Маиори, познато по најдолгата песочна плажа на брегот на Амалфи. Сместено на само неколку километри од градот Амалфи, Маиори важи за најмирното и најпријатното место за одмор на целиот брег, со лесно пристапна плажа, широко шеталиште и безброј ресторани, барови и продавници низ неговите улички. Од пристаништето во Маиори секојдневно поаѓаат бродови до Амалфи, Поситано и бисерот на Тиренското Море – островот Капри. Светски познатиот Пат на Лимоните, што го поврзува Маиори со соседното Минори, нуди спектакуларни глетки, безброј насади со лимонови дрвца и локални продавнички што нудат секакви производи базирани на лимон – лимонада, сладоледи, колачи и познатото лимончело.
Сместувањето е во хотелот “Riviera” 3*** (https://www.rivierahotels.it/en), мал семеен хотел сместен на 5-ти и 6-ти кат од зграда, кои нудат прекрасен панорамски поглед на Брегот на Амалфи (зградата има лифт). Хотел “Riviera” се наоѓа на 50 метри од плажата и на само неколку минути од Corso Reginna, главното шеталиште во градот. Во непосредна близина на хотелот има супермаркети, продавници, пекарници, ресторани и барови, а пристаништето со директни бродски линии се наоѓа на оддалеченост од само 10 минути пешачење покрај плажата.
Сите хотелски соби располагаат со фрижидер, бесплатен Wi-Fi, клима уред, телевизор, телефони сеф. На 6-от кат се наоѓа ресторанот за доручек со голема тераса, достапна за користење за сите гости во текот на целиот ден, со бесплатни лежалки за сончање. Сместувањето е на услуга ноќевање со појадок на шведска маса.
Сите термини се гарантирани.Резервирани соби во хотелот и авионски билети, и обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот и обратно.Местата се лимитирани и нема можност за проширување на групите!

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет Скопје – Неапол - Скопје
- Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 8 килограми
- Аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 7 ноќевања со појадок на шведска маса во „Hotel Riviera“ 3*
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса: 3 евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)
Начин на плаќање:
- Промотивната цена се однесува за уплата од 30 % од аранжманот заклучно со 25.12.2026. Втора рата до 25 февруари, трета рата до 25.март.
- Целосна доплата на аранжманот 60 дена пред терминот за поаѓање.
Напомена: Во хотелот може да се сместат деца над тригодишна возраст. Попуст за деца од 3-14 години- 30% од цената.
Плаќање во денарска противвредност по курс 62 денари

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА


