ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Нова година 2027
Дочек на Новата 2027 година во Турција - Истанбул - магија на два континента
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Дочек на Новата 2027 година во Турција

Истанбул - магија на два континента

 

(29.12.2026-01.01.2027)

 

 

Илјада причини да го посетите единствениот град кој се наоѓа на раскрсницата на патиштата кои водат од Балканскиот Полуостров во Мала Азија и од Средоземното во Црното Море... Единствениот град во светот кој се простира на два континента- Азија и Европа, главниот град на четири големи царства: Римското, Бизантиското, Латинското и Отоманското!

 

 

Прв ден: 29.12.2026 (вторник)-Скопје-Истанбул

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 12:25 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот. Сместување на групата во хотел „Prestige“3*( https://www.hotelprestige.com.tr/) во Лалели, реон во централниот дел на Истанбул богат со локална архитектура и античка историја. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуално уживање кое можете да го започнете со вистинско турско кафе што ќе Ви го послужат во мали шољички, со многу шеќер... Колку и да го сакаат кафето, локалните жители сепак најмногу пијат чај- во текот на целиот ден ќе Ве нудат со жежок чај послужен во мали стаклени чашки дури и во дуќаните во кои за прв пат влегувате. Тоа е турското гостопримство по кое се надалеку познати. Хотелот во кој сме сместени е оддалечен само 900 метри од Капали Чаршија, еден од најстарите трговски центри кој има 64 улици и 4000 продавници и дневно го посетуваат 400.000 луѓе. Тука можете да купите се` што Ви треба и што никогаш нема да Ви затреба... од златен накит преку свилените теписи до копиите на најновите Louis Vuitton ташнички.  Излезете навреме од овој лавиринт за да имате време да се подготвите за вечерното доживување – Плоштадот Таксим (Taksim Meydanı), срцето на модерниот Истанбул, омиленото место за забава, шопинг и уживање во предновогодишната атмосфера. Во договореното време се упатуваме кон овој најголем Плоштад (пешки или со трамвај) каде ќе имаме неколку часа слободно време за прошетки, вечера и шопинг. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 30.12.2026 (среда)

 

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на организиран разглед на дел од најзначајните места во градот кој има неверојатна историја. Како поинаку да го најавиме денот предвиден за разглед на градот во кој живеат повеќе од 15.милиони жители колку што вкупно имаат 177 земји ширум светот; градот кој има повеќе од 3000 џамии од чии минариња пет пати во текот на денот се повикуваат верниците на молитва; градот за кој уште во 1503-та година Leonardo da Vinci ги направил плановите за изградба на мост преку Златниот Рог, заливот кој го дели Истанбул на два дела за кој актуелниот турски претседател Ердоган пред неколку години најави дека се работи на проект со кој конечно ќе се остварат плановите на da Vinci. Тргнуваме на разглед на градот во кој во 16. Век од дворецот на Сулејман Величествениот холандскиот амбасадор изнесува луковици лалиња и ги пренесува во својата земја; во градот во кој Агата Кристи го напишала познатиот роман „Убиство во Ориент Експрес“- возот кој сообраќал на релација Париз-Цариград од 1883-1977 година... Како поинаку да ја најавиме обиколката на градот кој за целосно да го прошетаме ќе ни требаат недели, а не денови или часови. Локалниот туристички водич ќе не` поведе на пешачка прошетка преку Плоштадот Сулејман Ахмед каде се наоѓа Сината Џамија па од таму до Аја Софија, најмонументалниот верски споменик кој од првобитната намена-христијанска црква низ вековите е претворен во џамија, па во Музеј за од јули 2020-та година да биде повторно преименуван во џамија. Продолжуваме да се движиме кон Топ Капи, палатата која цели 400 години била дом на Османлиските султани. Од дворот на палатата ќе ги направиме најубавите фотографии со импресивна глетка кон Босфорот и Златниот Рог. Слободно време за индивидуални прошетки и за ручек. Враќање во хотелот. Во вечерните часови организирана предновогодишна забава во Гар ресторан со вечера (факултативно). Ноќевање.

 

 

Трет ден: 31.12.2026 (четврток)

 

Појадок. Денеска ќе уживаме во последниот ден од оваа година. Нема да брзаме, ниту да правиме преголеми планови-едноставно, ќе се обидеме да си го разубавиме крајот на годината со прошетка низ шарените улици на Фенер и Балат, областите кои се под заштита на УНЕСКО. Всушност, за момент ќе побегнеме од вообичаените туристички гужви и ќе влеземе директно во една од најживописните и историски богати области на Истанбул. Некогаш дом на просперитетни грчки, еврејски и ерменски заедници, овие историски населби нудат фасцинантен увид во длабокото мултикултурно минато на градот. Со локалниот туристички водич ќе прошетаме низ калдрмисаните улици со препознатливи шарени куќи, кафулиња и уникатни антикварници и ќе откриваме скриени бисери и прекрасна архитектура на секој чекор. Тука е впечатливата црвена силуета на Грчкиот православен колеџ Фанар што доминира на врвот на ридот, а ќе ја посетиме неверојатната Бугарска железна црква (Свети Стефан), прекрасно архитектонско чудо изградено целосно од префабрикувани делови од леано железо. Секој агол од овие населби е исполнет со уникатни приказни, а прошетката низ автентичните улици на Фенер и Балат е навистина незаборавен начин да се доживее локалниот шарм и наследство на градот. Во договореното време се разделуваме од оваа убавина и продолжуваме кон друга-да го погледнеме градот од од нова перспектива- со крстарење по Босфорот Додека се движиме по водите меѓу двата континента, ќе уживаме во истовремени погледи на Ориентот и Западот и ќе ги забележиме познатите знаменитости на Истанбул: величествени палати, антички замоци и други историски места што го наредени покрај брегот, како и прекрасни крајбрежни резиденции (факултативно). Богати со едно ново ориентално искуство се враќаме назад во хотелот. Вечерта Дочек на Новата Година во индивидуална режија или организирано во ресторан (со доплата). Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 01.01.2027 (петок)- Истанбул-Скопје

 

Појадок. Несекојдневно искуство да ја започнеме новата година во убавиот Истанбул. Денот е предвиден за релаксација, индивидуални прошетки и шопинг во најблискиот трговски центар. Во договореното време организиран трансфер од хотелот кон аеродромот. Летот од Истанбул е во 20.30 часот, слетување во Скопје во 19.55 часот по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.09.2026.....499 евра (30.940 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........539 евра (33.420 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси (со компанијата Turkish)

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок во хотел „Prestige3* во Истанбул

• Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич
•Посета на сите предвидени места и области во градот

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 90 евра

• Крстарење по Босфор – 20 евра

• Предновогодишна забава во Гар ресторан со вечера и музика- 40 евра

• Дочек на Новата Година во Гар ресторан со вечера и музика-95 евра

• Влезница за Аја Софија-30 евра

• Влезница за Топ Капи- 50 евра

• Влезница за Долма Бахче- 40 евра

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 30% од аранжманот.

 

Целосна доплата на аранжманот до 25.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)