ЗАТВАРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МИМОЗИТЕ
(Бесплатен концерт на Ацо Пејовиќ)
(26.02.2026 – 01.03.2026)
Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се` поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Токму таков е Херцег Нови, малиот рај на Црногорското приморје… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното...
Прв ден: 26.02.2026 (четврток)
21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 27.02.2026 (петок)
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални прошетки во градот и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Ноќевање.
Трети ден: 28.02.2026 (сабота)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, прошетки покрај долгото шеталиште кое го поврзува Игало со Херцег Нови, можност за уживање покрај море или за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот во хотелот. Во вечерните часови организирано следење на програмата по повод официјалното затварање на Фестивалот на мимозите со традиционалното судење и палење на маскотата на карневалот. Програмата е збогатена со пригодна програма и со настап на мажоретките во придружба на Градскиот оркестар. Во вечерните часови присуствуваме на концертот на фолк пејачот Ацо Пејовиќ како дел од настаните по повод официјалното затварање на Фестивалот на мимозите. Ноќевање.
Четврти ден: 01.03.2026 (недела)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови напуштање на хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........189 евра (11.720 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ **** во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)
- Користење на базенот и спа центарот во хотелот
- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич
- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер
- Патничко осигурување
Напомена: Празникот на мимозите е во организација на Туристичката организација на градот Херцег Нови. Туристичката агенција не може да има одговорност доколку организаторот направи промена во програмата или во имињата на изведувачите на најавените музички програми.
За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА






















