Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то и 4-то лице во апартман со една спална
Вила “MEDITERAN” се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..., тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет - Бесплатен. Студијата и апартамните кои се во понудата се наоѓаат на I кат во вилата, имаат страничен поглед на плажа/море и одличен квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман - БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- - Доплата за клима 5€ од ден (студио), 8€ од ден (апартман);
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА