Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио
Вила “ELSA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на по малку од 50m од плажа, позади хотел Олимпик Бич кој е на сама плажа. Вилата е со одличен квалитет на сместување и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, први и втори кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед кон море). Wi-Fi интернет - бесплатен, клима со доплата 7€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите. Наспроти вилата има супермаркет. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Ви поасакуваме пријатен престој.
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 2 години - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- - Доплата за клима - 7€ од ден (се плаќа на лице место);
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА