ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Калитеа - 7 ноќевања
Vila Kostas - Kalitea - Leto 2025
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во Студио

 

Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на булеварот над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (еден брачен + две единечни легла во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер...), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Гостите со сопствени возила, може да паркираат на булеварот под терасите на вилата но не и пред влезот на вилата, бидејки е пешачка улица и не е дозволено паркирање. Ви посакуваме пријатен престој.

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во 1/4 студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • -  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50м на булеварот пред вилата.
  • -  Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.

  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

 

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)