ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Калитеа - 7 ноќевања
Vila Blue Dream - Kalitea - Leto 2025
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Бесплатно сместување за 3-то, 4-то и 5-то лице во Апартман со една спална

 

Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.  Ви посакуваме пријатен престој.

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 200m од вилата).
  • -  Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција).

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)