ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Октомври
Кралските престолнини на Полска
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Кралските престолнини на Полска

Познан-Вроцлав-Краков

 

(21.10.2026-26.10.2026)

 

 

Прв ден: 21.10.2026 (среда)- Скопје-Варшава-Познан

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.30 часот. Полетување кон Варшава во 17.30 часот, слетување во 19.30. Летот за Познан е во 20.35 часот, пристигнување во 21.30. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот “Palazzo Rosso” 3*, лоциран во стариот дел на градот. Одмор од патувањето и ноќевање.

 

 

Втор ден: 22.10.2026 (четврток)- Познан

 

Појадок. Започнуваме со организиран разглед на петтиот најголем град во Полска кој во 9-ти и 10-ти век служел како главен политички и економски центар на средновековна Полска. Познат како родното место на државата, Познан бил дом на првите полски владетели чии гробови и денес може да се посетат во Познанската Катедрала. Започнуваме со стариот плоштад, кој бил средиште и главен пазар во градот уште од 1253 година. Опкружен со совршено зачувани средновековни згради во различни бои, плоштадот е дом и на 5-вековната градска куќа, прочуена по балконот на кој со помош на прастар механизам два пати на ден излегуваат две кози и се борат меѓу себе. Легендата вели дека механизмот е поставен во чест на двете кози кои му побегнале на општинскиот готвач и на задоволство на случајните минувачи, започнале борба на кровот од зградата. Во околината на плоштадот се наоѓаат и барокната црква Св. Станислав, реставрираниот кралски дворец и музејот посветен на прочуените познански кроасани. Оттаму продолжуваме кон островот Тумски, на кој се наоѓа базиликата Св. Петар и Павле, најстарата катедрала во цела Полска. Сместен покрај реката Варта и познат како историското срце на стара Полска, островот е дом и на други историски градби и цркви, а од 2008-ма година е заштитен како Национален Споменик на Полска. Попладнето слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 23.10.2026 (петок)- Познан-Вроцлав

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме кон Вроцлав, уште еден од најголемите и најстарите градови во Полска. Сместување во хотел „Entre” 4* лоциран во стариот град. Краток одмор од патувањето, а потоа одиме на организиран разглед на градот. Познат како „Полската Венеција”, Познан е изграден на 12 острови поврзани со повеќе од 100 мостови. Покрај тоа што во него се наоѓа еден од најстарите ресторани во Полска кој датира од 1273 година, Познан е седиште и на повеќе од 600 скулптури на џуџиња, сокриени низ целиот град. Во Вроцлав ќе го посетиме главниот плоштад со неговите барокни згради во пастелни бои на кој се наоѓа и градската куќа изградена во готски стил и позната како најстарата зачувана општинска зграда во Полска. Во непосредна близина на плоштадот се наоѓаат и двете барокни станбени згради, познати како Јаш и Малгосиа, кои датираат од 15-от век, а со лакот кој ги поврзува изгледа како да се држат за рака. Продолжуваме кон реката Одер, а по пат ги посетуваме Вроцлавскиот Универзитет и големиот затворен пазар. И Вроцлав има свој остров Тумски, кој во денешно време е дел од копното. Познатиот пешачки мост Тумски не` води директно во најстариот дел од Вроцлав – во десеттиот век, околу 1500 жители живееле опкружени со реката. Ја посетуваме катедралата Св. Јован Крстител, која со двете готски кули е една од највпечатливите градби во Вроцлав, а потоа ќе имаме можност да посведочиме на една уникатна традиција – Тумски е едно од ретките места во светот што сеуште се осветлува со улични ламби на гас. Секоја вечер, лице задолжено за осветлувањето рачно ги пали 102-те ламби, на истиот начин како што се правело во 19-от век. До крајот на денот слободно време за индивидуално истражување на градот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 24.10.2026 (сабота)- Вроцлав-Краков

 

 

Појадок, а потоа уште неколку часа слободно време за прошетки низ историските улици на Вроцлав и за пронаоѓање на што повеќе скулптури на џуџиња. Се одјавуваме од хотелот, а потоа со организиран трансфер се упатуваме кон бисерот на Полска – Краков. Пристигнување и сместување во хотел „Wyspiański” 3***, во непосредна близина на стариот дел од градот. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 25.10.2026 (недела)- Краков

 

Појадок, а потоа тргнуваме на разглед на градот кој се смета за центар на културата во Полска. Краков бил главен град на Полска од 1038 до 1596 година, а во 1978 година неговиот стар дел станал едно од првите 12 места во светот под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Токму тука започнуваме со откривањето на градот. Го посетуваме главниот плоштад, кој датира од 13-от век и со површина од скоро четири хектари е најголемиот средновековен плоштад во Европа. Во самиот центар се наоѓа Sukiennice – величествена зграда која во 15-от век била центар на меѓународна трговија со текстил, зачини, кожа, сол и други скапоцености. На самиот плоштад е и седумдесет метарската готска кула, што е единствениот остаток од старата општинска зграда. Во Краков ги посетуваме и средновековните градски порти со готски кули, изградени во 14-от век како заштита од Татарските напади. Од една од портите започнува историскиот кралски пат по кој се движеле Полските кралеви и странски гости и тоа од влезот во стариот град, низ плоштадот па се до кралскиот дворец. Продолжуваме со прошетка низ историските улици на Краков, преполни со историски градби во готски, ренесансен и барокен стил. По завршувањето на разгледот, слободно време за индивидуални прошетки и посети низ Краков. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 26.10.2026 (недела)- Краков-Скопје

 

Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Краков. Полетување кон Варшава во 12.00 часот, слетување во 12.55 по локално време. Поаѓање кон Скопје во 14.45, слетување во 16.55 часот.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.08.2026........ 799 евра (49.540 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........839 евра (52.020 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Варшава-Познан со вклучени аеродромски такси

• Авионски билет: Краков-Варшава-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите локални трансфери

• 2 ноќевања со појадок во хотел Palazzo Rosso 3* во Познан

• 1 ноќевање со појадок во хотел Entre 4* во Вроцлав

• 2 ноќевања со појадок во хотел Wyspiański” 3* во Краков

• Сите разгледи и посети вклучени во програмата

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 200 евра

• Туристичка такса – 15 евра (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)

 

 

Целосна доплата на аранжманот до 21.09.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)