КИНА
Земјата на змејот, каде античкото се спојува со модерното!
Комплетна програма со лет од Скопје без никакви факултативи!
(07.04.2027-17.04.2027)
1.4 милијарди луѓе живеат на површина од 9 милиони и 600.000 квадратни километри во земјата која се простира во 5 временски зони, но користи само една... Кога би се споиле сите кинески пруги, два пати би го обиколиле светот... Секој петти ден во некој град никнува по еден нов облакодер... Кина е најголемиот извозник на продукти во светот... Најважното суштество во Кинеската митологија е змејот, а симбол на мир и пријателство се животните панди - сите панди во целиот свет не припаѓаат на ниту една зоолошка градина туку се позајмени од Кина...
Ова ќе биде едно од најнеобичните патувања во една од најатрактивните земји во светот во која не постои писмо туку над 20.000 знаци од кои неопходно е да научите најмалку 2500 за да можете да комуницирате... Ова е патување во земјата од каде потекнуваат свилата, чајот и порцеланот... Ова ќе биде предизвик да откриеме една сосема друга култура, да се увериме дека основата на кинеската кујна не се базира само на ориз, да се соочиме со интересни факти кои тука се вообичаени...
Ова е патување во земјата во која белата боја симболизира жалост а црвената среќа!
Прв ден: 07.04.2027 (среда)- Скопје-Истанбул
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00 часот. Полетување кон Истанбул во 20.10, слетување во 22.45 часот по локално време.
Втор ден: 08.04.2027 (четврток)-Истанбул-Пекинг
Полетување кон Пекинг во 01.40, слетување во 15.35 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Boyue Beijing“ 4* (или друг хотел од иста категорија). Сместување на групата, а по краткиот одмор од патувањето организирана вечера. До крајот на денот слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 09.04.2027 (петок)- Пекинг
Појадок. Во претпладневните часови организирана посета на Храмот на Небото (Temple of Heaven), ремек-дело на архитектурата, каде што древните императори се молеле за Божјиот благослов на целата нација. Храмот е опкружен со парк каде што ќе видиме многу локални пензионери кои таму ги прават своите утрински вежби. Оттаму одиме во посета на центар за свежи бисери; Кина е најголемиот производител на слатководни бисери, со 95% од светското производство. Попладнето одиме на плоштадот Tiananmen, најголемиот плоштад во светот. Оттаму продолжуваме кон Забранетиот град (Forbidden City) - најголемата кралска палата во светот, која се состои од повеќе од 900 градби и скоро 8000 простории. Сега музеј, Забранетиот град бил центар на политичката моќ на Кина во текот на 500 години и 24 императори. Во него ќе имаме можност да се восхитуваме на најлегендарните кралски палати во светот и на неверојатни богатства изложени за јавноста. Организирана вечера – традиционална пекиншка патка. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 10.04.2027 (сабота)- Пекинг – Кинески Sид
Појадок. Посета на фабрика за жад за да видиме како се обработуваат овие скапоцени камења и се претвораат во познатото кинеско негувано богатство, со векови било резервирано само за императорите. Оттаму одиме на екскурзија до делот од Кинескиот ѕид во Juyongguan – планински превој 50-тина километри од Пекинг. Кинескиот ѕид е едно од најголемите светски чуда и симбол на Кина, изграден во текот на повеќе од 2000 години во вкупна должина од 21.000 километри. Делот од ѕидот што го посетуваме бил изграден од династијата Минг и бил користен како северна бариера за одбрана на главниот град и царските гробници. Организиран ручек, а попладнето одиме во посета на Летната палата (Summer Palace), омилената летна резиденција на царските владетели на династијата Qing. Летната палата е голем комплекс на езера и градини, а во 1998-ма била впишана како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Организирана вечера. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 11.04.2027 (недела)- Пекинг–Ши-Ан (Xi’an)
Појадок. Одјавување од хотелот и трансфер до железничката станица, од каде што се качуваме на прочуениот кинески ултра брз воз – bullet train, кој со максимална брзина од 450 километри на час е најбрз воз во светот. Околу 14 часот пристигнуваме во Xi’an, главен град на провинцијата Шаанџи (Shaanxi) и најголем град во северозападна Кина со 13 милиони жители. Сместување во хотел “Xian Grand Dynasty Culture Hotel” 4* (или друг хотел од иста категорија). Xi’an е еден од четирите древни главни градови на Кина, а од антиката до средниот век бил почетна точка на Патот на свилата, од каде кон Европа тргнувале конвои со свила, чај, бои, парфеми и порцелан. Попладнето организирана прошетка низ стариот муслимански кварт во близина на центарот на Xi’an, кој во последните години прерасна во туристичка атракција прочуена по локалната култура и храна. Посета на Голема Џамија (the Great Mosque of Xi’an) изградена во 742 година откако императорот Xuanzong наредил дека муслиманското население во градот треба да има сопствен религиозен објект. Слободно време за прошетка низ градот. Вечера и ноќевање.
Шести ден: 12.04.2027 (понеделник)- Ши-Ан (Xi’an)
Појадок. Го започнуваме денот со посета на уште едно светско културно наследство од листата на УНЕСКО - Малата Пагода на Дивата Гуска (Small Wild Goose Pagoda). Висока 43 метри, пагодата е кула што во будизмот служи како религиозен објект во кој се чуваат значајни реликвии и артефакти. Веднаш потоа, го посетуваме музејот на градот Xi-an, кој располага со 130.000 артефакти – праисториски алатки, статуи, бронзени ѕвона, златни предмети од династијата Танг итн. Попладне одиме на организирана посета на една од најпознатите туристички атракции во Кина – Музејот на теракотната армија. Колекцијата на теракотни војници и коњи била откриена 1974, а во 1987 е вклучена во светскот културно наследство на УНЕСКО. Теракотните скулптури биле изградени во 200-та година пред новата ера и биле закопани заедно со императорот Qin Shi Huang, кој прв ја обединил Кина, за да го чуваат во задгробниот живот. Армијата броела над 8000 војници, 130 кочии и 530 коњи. Прошетка низ редовите војници кои чуваат стража до гробот на императорот, кој е во големина 100 на 75 метри и никогаш не е отворен, за да не се уништат историските артефакти кои се зачувани во него. Вечера и ноќевање.
Седми ден: 13.04.2027 (вторник)- Ши-ан-Шангај (Shanghai)
Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до железничката станица, од каде се упатуваме кон Шангај, повторно со ултра брз воз кој растојанието од 1400 километри го поминува за помалку од 6 часа. Пристигнување во Шангај, кој со 25 милиони жители е вториот најголемиот град во Кина. Населен уште пред 6000 години, Шангај е еден од најголемите светски финансиски, научни, туристички и културни центри, а во него се наоѓа најголемото транспортно пристаниште во светот. Сместување во хотел “Baolong Hotel Shanghai” 4* (или друг хотел од иста категорија). Организирана вечера во локален ресторан и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Осми ден: 14.04.2027 (среда)- Шангај
Појадок. Го започнуваме денот со посета на градината Ју (Yu Garden), една од најголемите кинески градини со четириесетина живописни места вклучувајќи павилиони, карпести формации и езерца. Централното место во градината го зазема Yu Ling Long – 5-тонски камен од жад со 72 дупки, донесен од реката Жолтата река (Huanghe). Следува пауза за прошетка и шопинг во областа околу градината, која е всушност стариот дел од Шангај. Потоа се упатуваме кон крајбрежјето на Шангај, познато како the Bund. Лоцирано во централен Шангај, ова е место каде што истовремено можат да се видат историски градби од колонијалниот период и модерни облакодери. Слободно време за прошетка низ улицата Нанџинг (Nanjing), една од најпрометните улици за шопинг во светот. Попладне одиме во посета на поранешната француска концесија која била под француска управа до 1943 година, и во која може да се види типична европска архитектура од колонијалниот период. Оттаму следува организирана прошетка во областа Тианзифанг (Tianzifang), позната по многуте мали продавнички во кои се продаваат облека, украси, сувенири, кафе и храна од локално производство. Вечера и ноќевање.
Деветти ден: 15.04.2027 (четврток)- Шангај-Суџоу
Појадок, а потоа одиме во организирана посета на Сџуоу, историски град познат по сценските канали, градините и производството на свила. Започнуваме со портата Пан, историско обележје на Суџои. Портата е дел од античкиот градски ѕид изграден во 514 година п.н.е. што го опкружувал и го заштитувал градот. Оттаму одиме во градината “Masters of the Nets”, една од најсофистицираните градини во Кина која совршено ги комбинира уметноста, природата и архитектурата.
Во Суџоу ќе имаме и организирана посета на фабрика за свила, каде што ќе научиме како се произведува еден од најпознатите традиционални кинески производи. За крај ќе го истражиме историскиот кварт Pingjiang Road – канал-улица стара 2500 години во која можат да се видат многу традиционални куќи и камени мостови, како и да се посетат разновидни продавници и чајџилници. Слободно време за прошетка и индивидуални активности, а по вечерата организиран трансфер до Шангај. Ноќевање.
Десетти ден: 16.04.2027 (петок)- Шангај-Истанбул
Појадок. Посета на Oriental Pearl Tower, која со 468 метри долго време била највисоката градба во Кина. Се искачуваме на платформата на висина од 263 метри, која нуди уникатна панорамска глетка на Шангај. На првиот кат од кулата го посетуваме музејот за историскиот развој на Шангај (Shanghai City History Development Museum), кој преку макети и восочни фигури го доловува Шангај од минатото. Подоцна го посетуваме познатиот Шангајски музеј, еден од најзначајните музеи во Кина, кој располага со ретки уметнички дела, како и традиционален кинески мебел, антички предмети итн. На крајот од денот, прошетка низ локален пазар каде можат да се купат разни сувенири и други локални продукти. По вечерата организиран трансфер до аеродромот во Шангај. Полетување кон Истанбул во 22.25 часот.
Единаесетти ден: 17.04.2027 (петок)- Истанбул-Скопје
Слетување во Истанбул во 05.25 часот по локално време. Летот за Скопје е во 07.25 часот, пристигнување во 07.55 по локално време.
Промотивна цена за уплата до 25.08.2026.....2099 евра (130.140 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........2199 евра (136.340 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје-Виена-Минхен-Пекинг-Шангај-Виена-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Билет за воз на релација Пекинг-Ши-Ан
• Билет за воз на релација Ши-Ан-Шангај
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 3 ноќевања во Пекинг во хотел со 4*
• 2 ноќевања во Ши-Ан во хотел со 4*
• 3 ноќевања во Шангај во хотел со 4*
• 1 ручек и 9 вечери во согласност со програмата
• Влезници во објектите кои се посетуваат
• Лиценциран локален туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Патничко осигурување
• Доплата за еднокреветна соба – 290 евра
• Бакшиш за локалните водичи и возачите (вкупно 40 евра)
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.09.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)
Втора рата до 21.11.2026, трета рата до 21.01.2027. Целосна доплата на аранжманот до 05.03.2027. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА













