ИЛИНДЕН ВО ТУРЦИЈА
ЧАНАК КАЛЕ-ОСТРОВОТ БОЗЏАДА
(29.07.2026 – 04.08.2026)
Прв ден: 29.07.2026 (среда)
18.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и во 20.00 часот од Кавадарци. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на протокот Дарданели.
Втор ден: 30.07.2026 (четврток)
Пристигнуваме во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале, градот кој е капија меѓу Европа и Азија, градот кој локациски е поблиску до Егејското отколку до Мрморното Море. Сместување на групата во хотелот „ Kolin Hotel Spa & Convention Center “ 5* (https://kolinhotel.com/en/) сместен на 650 метри од крајбрежната линија со прекрасен поглед на Дарданелскиот теснец и Националниот парк Галиполи. Хотелот располага со внатрешни и надворешни базени и со SPA&Wellness (турска бања, сауна, фитнес центар). Слободно попладне за одмор од птувањето и за уживање во содржините што ги нуди овој хотелски комплекс. Вечера. Ноќевање.
Трети ден: 31.07.2026 (петок)
Појадок. Заминување на групата на организиран разглед на градот со локален туристички водич. Целата област е позната по битката која се одиграла на полуостровот Галиполе во 1915-та година кога обединетите британски и француски сили ја започнале битката со намера да го заземат Истанбул и така да воспостават контрола над Босфорот и Дарданелите. Бред Пит, толкувајќи ја улогата на Ахил во познатиот епски спектакл „Троја“, вели: „Боговите ни завидуваат затоа што сме смртници, затоа што секој момент може да ни биде последен. Сè е поубаво, затоа што сме осудени на пропаст. Никогаш нема да бидете поубави отколку што сте сега. Никогаш повеќе нема да бидеме тука.“ Може да се каже дека Чанаккале на некој начин го побива тоа тврдење, затоа што колку подолго сте таму, градот станува сè поубав и Ве плени со шарм што е производ на мешавината од различни влијанија што ги стекнал поради местоположбата на која се наоѓа. А Троја не е спомената случајно, затоа што тука, на главниот кеј, токму помеѓу проѕирната водена површина и раздвижениот центар на градот, се наоѓа еден од поновите симболи на градот – макета на голем дрвен тројански коњ, токму каков што се користел во текот на снимањето на филмот Троја. Главната улица е секогаш преполна со луѓе и води до еден од симболите на градот - „пазарот на огледалата“. Изграден е во 1890 година од познат еврејски трговец со одобрение на султанот Абдулхамид II - барем така пишува на знакот на влезната врата. Уништен е во Битката кај Галиполе во 1915 година, уште еден настан што го обележал ова подрачје поради кој туристите патуваат во Чанаккале и околината. Пазарот е реновиран во 2004 година и кога ќе влезете во него, доминира шареноликоста на тезгите каде можете да купите најразлични производи и сувенири. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Слободно време за уживање во содржините на хотелскиот комплекс. Вечера. Ноќевање.
Четврти ден: 01.08.2026 (сабота)
Појадок. Во договореното време заминуваме кон пристаништето во Чанак Кале и од таму се упатуваме со фериброд кон островот Бозџада. Бозџада е идиличен егејски остров покрај западниот брег на Турција, сместен околу 50 км јужно од Чанаккале, кој привлекува посетители со својот природен шарм. Познат во голем дел од својата историја како Тенедос, овој остров припаѓал на Грчката, Персиската, Римската и Византиската Империја пред да стане дел од Отоманската Империја во 1455 година. Она што е особено интересно за островот е дека токму тука бил конструиран Тројанскиот коњ. Овој порано грчки, а сега турски остров е под силно влијание на грчката и турската култура и е полн со калдрмисани улици и стари рустични куќи со шарени прозорци. Улицата што минува низ центарот на островот го дели на Грчкиот кварт и турскиот кварт и ова спојување на две посебни култури ја збогатило културната текстура на островот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Петти ден: 02.08.2026 (недела)
Појадок. Слободно време за уживање во содржините на хотелскиот комплекс. Вечера. Ноќевање.
Шести ден: 03.08.2026 (понеделник)
Појадок. Во договореното време го напуштаме хотелот и се упатуваме кон некој од познатите шопинг центри во околината на градот. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 04. Август во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........499 евра (30.940 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Четири ноќевања со појадок и вечера во хотелот „ Kolin Hotel Spa & Convention Center “ 5*
- Локален туристички водич
- Билет за фериброд на релација Чанак Кале-Бозџада-Чанак Кале
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Доплата за еднокреветна соба – 220 евра
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА















