ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Август
ИЛИНДЕН НА ХРВАТСКАТА РИВИЕРА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ИЛИНДЕН НА ХРВАТСКАТА РИВИЕРА

РИЕКА-ОСТРОВОТ РАБ-МОШЧЕНИЧКА ДРАГА-ОПАТИЈА

 

(30.07.202603.08.2026)

 

За прв пат ова лето Ви нудиме несекојдневно доживување: со брод катамаран ќе ги обиколиме островите на Кварнерскиот Залив во северното Хрватско крајбрежје и ќе се укотвиме на Раб-Островот на среќата. Ова е единствена можност да уживаме во раскошната убавина на островот чија архитектура која е под влијание на венецијанскиот и римскиот стил придонесува за магична атмосфера!


Ова лето празнично ќе шетаме низ Опатијската ривиера, местото избрано од боговите кои, според словенската митологија, живееле на падините на планината Учка. Кон крајот на 19.век по своја мерка си ја изградиле кралевите, а денес оваа област нуди кралски третман на секој гостин!

 

 

Прв ден:30.07.2026 (четврток)-Кавадарци-Скопје-Табановце

 

Поаѓање на групата од  Кавадарци во 16.00 часот и од Скопје во 18.00 часот кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

 

Втор ден31.07.2026 (петок)-Риека

 

Пристигнување во Риека, третиот по големина град во Хрватска. Сместување на групата во хотелот „Grand Hotel Bonavia“ 4**** (https://jadran-hoteli.hr/hotel/grand-hotel-bonavia/ ) кој се наоѓа во срцето на градот, на само неколку чекори од шеталиштето Корзо и од морето. Овој целосно преуреден објект може да се пофали со традиција која датира од 1876-та година и се одликува со висока елеганција и квалитет. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во попладневните часови организиран разглед со локален туристички водич на градот кој го нарекуваат рокерски град, град на слободата и толеранцијата. Разгледот започнува токму од најпознатото шеталиште Корзо каде се наоѓа и Градската Кула и некогашната Гувернерова Палата. Ќе ги посетиме и Плоштадот на Ријечката резолуција, Коблеровиот Плоштад од каде се влегува во Стариот град каде се наоѓа античката Стара врата, Катедралата Свети Вида-заштитничка на Риека, Црквата Вознесение на Девица Марија и популарната Коса Кула. Извонредната локација на хотелот ни овозможува во слободното време да планираме индивидуални прошетки низ центарот на градот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 01.08.2026 (сабота)- Риека-Краљевица-Раб-Риека

 

Појадок. Во 07.00 заминување на групата со автобус кон малото приморско гратче Краљевица што се наоѓа на Бакарскиот Залив, местото каде сите патишта од внатрешноста за прв пат го сретнуваат морето. Токму од тука се качуваме на брзобродската линија катамаран и во 08.00 започнуваме да пловиме низ Јадранското Море кон најубавите туристички места и острови. Бродот застанува на Цриквеница, Сењ, Башка, Лопар и Раб - последната дестинација каде околу 12.15 часот ќе го напуштиме катамаранот и ќе зачекориме на островот на среќата. Токму така го нарекуваат овој вистински бисер на Јадранскиот Брег сместен на Кварнерскиот Залив чија убавина ја препознале уште старите Римјани. Сликовитиот стар град Раб по кој островот го добил името е вистински лавиринт од тесни улички, историски објекти и шармантни плоштади. Освен што ќе не` воодушеви со својата убавина, ќе не` врати во некои стари времиња, па на моменти ќе се почувствуваме како да сме во стариот век шетајќи низ малите улици и камените куќи.  Шармантниот стар град со дури четири камбанарии ќе го разгледаме со локален туристички водич, а потоа ќе имаме слободно време за индивидуални прошетки низ рестораните и бутиците во стариот град кои нудат спој на историја и модерни содржини. Љубителите на морето ќе можат да уживаат на најпознатата градска плажа Банова Вила, омиленото место за капење на жителите на Раб. Во 17.45 часот повторно се качуваме на катамаранот и се враќаме назад кон Риека. Пристигнување околу 22.00 часот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 02.08.2026 (недела)-Риека-Мошченичка Драга

 

Појадок. Ден за уште една убавина – заминуваме организирано со автобус кон уште еден приморски рај каде некогаш благородниците со кочии пристигнувале на одмор. Од едната страна го краси кристално чистото Јадранско Море, од другата страна моќната планина Учка; ова преубаво место уште го нарекуваат и Хрватски Портофино, но на мештаните им е сепак подраго името Мошченичка Драга. Збиени куќи со шарени фасади, шармантно мало пристаниште и прекрасна плажа со камчиња; Мошченичка Драга не е само бисер на Кварнерот туку и на целата Приморско-горанска жупанија. Токму тука ќе имаме слободно време да уживме, да се сончаме и бањаме во кристално чистата вода. Во договореното време се враќаме назад во Риека. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 03.08.2026 (понеделник)-Риека-Опатија-Скопје-Кавадарци

 

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Опатија, едно од најубавите и најпопуларните места на Хрватското Приморје, градот кој го нарекуваат Кралица на хрватскиот туризам. Слободно време за прошетки по најпознатото шеталиште Лунгомаре; елеганција на секој чекор подредена на потребите на некогашните аристократи, импресивна архитектура од хабзбуршкиот период, преубави паркови кои наликуваат на ботанички градини... И секако, слободно време за посета на градската плажа Слатина која се наоѓа во самиот центар на Опатија и со своите бројни барови, слаткарници и ресторани нуви забава за сите гости. Ако случајно ни здосади сонцето и посакаме малку ладовина, ќе си го пронајдеме нашето место за одмор во боровата шума што се наоѓа веднаш позади плжата. Водоговореното време ја напуштаме оваа убавина и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во вторник, на 04. Август во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........499 евра (30.940 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотелот „Grand Hotel Bonavia“ 4**** во Риека

- Локален туристички водич во Риека и Раб

- Трансфер со автобус до Краљевица

- Бродски билет на релација Краљевица-Раб-Краљевица

- Излет до Мошченичка Драга

- Посета на Опатија

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба – 60 евра

-  Туристичка такса...2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

 НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

 

 

 

 

 

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)