ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Декември
Дочек на Новата 2027 година во Индија
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Дочек на Новата 2027 година во Индија

Златниот тријаголник: Делхи – Агра - Џајпур

 

(25.12.2026-02.01.2027)

 

 

Неверојатно искуство – Дочек на Новата Година во Индија!

Во Индија Новата Година не е само момент на полноќ туку процес... Може да започне со молитва, со песна или со танц. Но заедничко е едно-вербата дека секој нов почеток носи прилика за внатрешна промена. Додека светот го гледа огнометот, Индија најчесто гледа во себе-и токму во тоа лежи магијата на Дочекот на Новата Година во оваа земја!

 

Прв ден: 25.12.2026 (петок)-Скопје-Истанбул-Делхи

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Истанбул во 09.15 часот, слетување во 12:50 часот по локално време. Летот за Делхи е во 20.50 часот.

 

 

Втор ден: 26.12.2026 (сабота)- Делхи

 

Пристигнување во Делхи во 05.20 часот по локално време. Организиран трансфер до хотел “Crowne Plaza” 5*, или хотел од иста категорија. Појадок, а потоа го оставаме багажот во хотелот и заминуваме на организиран разглед на главниот град на Индија. Делхи е еден од најголемите градови во светот но истовремено и еден од најстарите, со преку 1500 историски споменици од различни периоди, бидејќи градот бил граден и доградуван од повеќе владетели и империи. Одиме директно во стариот дел на Делхи, каде што најпрво ќе ја посетиме џамијата Jama Masјid, една од најголемите џамии во Индија, која до 1857 година служела како императорска џамија. Изградена во индо-исламски стил, Jama Masjid е еден од најзначајните културни споменици во Делхи. Оттаму тргнуваме во истражување на Chandni Chowk, еден од најстарите и најголемите пазари во Делхи. Изграден во 1650 година од страна на императорот Shah Jahan, овој пазар има илјадници продавници. Хаосот и шармот на Chandni Chowk ќе го откриеме возејќи се со рикши, традиционалното индиско превозно средство. Денот го завршуваме со организирана вечера во локален ресторан. Сместување во хотелот и слободно време за одмор од патувањето и користење на СПА центарот. Ноќевање. 

 

 

Трет ден: 27.12.2026 (недела)- Делхи

 

Појадок, а потоа се упатуваме кон новиот дел од Делхи, во кој широките авении и грандиозната архитектура ќе ни ги покажат големите контрасти на овој град со 34 милиони жители. Њу Делхи е една од 11те провинции на Делхи,  изграден од Британците, а денес седиште на Индиската влада. Тука ќе го посетиме Humayun’s Tomb – огромен мавзолеј на Мугалскиот император Humayun, нарачан и финансиран од неговата сопруга. Како прва ваква гробница на Индискиот супконтинент, претставува претходник на познатиот Таџ Махал и е под заштита на УНЕСКО од 1993 година. Оттаму се упатуваме кон Gurudwara Bangla Sahib, еден од најзначајните храмови на Сикизмот во Индија. “Гурдвара” претставува вид на храм кој буквално значи “дом на гуру”, а овој е посветен на осмиот од десетте гуруа – основоположници на Сикизмот како религија. Програмата ја завршуваме со посета на Qutub Minar, споменик кој истовремено претставува и минаре и кула на победата. 72-метарската црвена кула е изградена во 12тиот век, за време на Делхискиот султанат, и денес претставува еден од најзначајните историски споменици во Делхи. До крајот на денот, слободно време за индивидуални активности и користење на СПА центарот во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 28.12.2026 (понеделник)- Делхи-Агра

 

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Агра, град во Индиската покраина Uttar Pradesh кој е најпознат како дом на Таџ Махал. Агра бил главен град и центар на моќта на Мугалската империја, која владеела со денешна Индија повеќе од 300 години. Се сместуваме во хотел “Grand Mercure” 5*, или друг хотел од иста категорија. Краток одмор од патувањето, а потоа ја посетуваме Agra Fort – историска тврдина на моќната Мугалска династија и местото каде што во 1530 година бил крунисан императорот Humayun. Тврдината е всушност цел град опколен со ѕидини, и во неа ќе можеме да прошетаме низ импресивни палати, дворови и кули. Попладнето продолжуваме кон еден од најпознатите светски споменици – Таџ Махал. Изграден во 17ти век од мугалскиот император Shah Jahan како гробница за неговата сакана сопруга, Таџ Махал е ремек-дело на светската архитектура, извајан од беспрекорен бел мермер и сместен во совршено симетрична градина. Покрај визуелната совршеност, Таџ Махал ги отелотворува длабоките идеи во индиската филозофија за рајот, рамнотежата и сеќавањето. Околу 20 илјади работници од цела Индија биле ангажирани во изградбата на овој монументален објект.  Денот го завршуваме со организирана вечера во локален ресторан. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 29.12.2026 (вторник)- Агра-Џајпур

 

Појадок, а потоа се одјавуваме и се упатуваме кон Џајпур, живиот “Розов град” на Раџастан. По патот застануваме во посета на Fatehpur Sikri, совршено зачуван историски град од 16ти век. Основан како главен град на Мугалската империја, Fatehpur Sikri своевремено бил центар на политичката моќ и архитектонски израз на империјалната визија. Напуштен по само неколку децении поради недостаток на извори на вода, Fatehpur Sikri денес стои како необичен и импозантен споменик, симбол на амбицијата и кршливоста на империјата. Организиран ручек, а потоа продолжуваме кон Chand Baori, архитектонско чудо од 9тиот век, изградено во форма на превртена пирамида со 3500 симетрични скалила. Chand Baori е всушност огромен бунар, до чие дно се доаѓа на длабочина од 30 метри, и кој истовремено претставува природно засолниште од жештината бидејќи температурата на дното е секогаш 5-6 степени пониска отколку на површината. Продолжуваме со патувањето кон Џајпур. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел “Radisson” 5*, или во друг хотел од иста категорија. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 30.12.2026 (среда)- Џајпур

 

Појадок, а потоа одиме во откривање на Џајпур, главниот и најголем град на Индиската сојузна држава Раџастан. Денот го започнуваме со посета на Galtaji – Индуски храм познат по природните извори со свежа вода и големата популација на мајмуни. Galtaji е всушност комплекс составен од повеќе храмови сместени во клисура во ридовите што го опркужуваат Џајпур, а од чија највисока точка може да се ужива во панорамска глетка на градот. Комплексот е значајно религиско место и илјадници верници и денес го посетуваат за да се капат во базените со света вода. Но тој истовремено има и големо историска и културолошка вредност – комбинирајќи Раџастански и Мугалски архитектонски стилови, комплексот претставува уникатна градба која неприметно се вклопува во природната околина. Попладнето ја откриваме креативната страна на Џајпур, преку посета на традиционалните уметнички работилници во Sanganer, каде што занаетчиите ги демонстрираат вековните занаети на печатење и сина грнчарија. Организирана вечера во локален ресторан и ноќевање.

 

 

Седми ден: 31.12.2026 (четврток)- Џајпур

 

Појадок. Продолжуваме со истражување на знаменитостите на  Џајпур, кој меѓу другото е и првиот плански изграден град во Индија, и град кој се уште има свој Махараџа – историска кралска титула во Индија која иако денес нема формално значење, се уште претставува статусен симбол за неколку ројални семејства во земјата. Ја посетуваме градската палата, која се наоѓа во срцето на стариот град и го одразува континуираното наследство на владетелите на Џајпур и рафинираната дворска култура на Раџастан. Мешавина од раџпутски, моголски и европски влијанија, комплексот на палатата вклучува церемонијални дворови, сали за посетители и музејски галерии кои нудат увид во кралскиот живот, управувањето и занаетчиството. Во непосредна близина на палатата се наоѓа Jantar Mantar, историската астрономска опсерваторија на Џајпур и место на светското наследство на УНЕСКО, каде што во 18ти век биле изградени монументални камени инструменти за мерење на времето, следење на движењата на небесните тела и набљудување на затемнувањата со извонредна прецизност. Заедно, Градската палата и опсерваторијата го откриваат Џајпур не само како кралска престолнина, туку и како центар на научни истражувања и просветлено владеење. Приквечерта организирана прошетка низ живите пазари во стариот град, каде што шарените текстил, накит, ракотворби и зачини ги исполнуваат улиците со енергија и шарм. А највеселата вечер во годината ќе ја прославиме со организирана прослава во хотелот. Ноќевање.

 

 

Осми ден: 01.01.2027 (петок)- Џајпур-Делхи

 

Појадок, а потоа се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на Amber Fort, величествена тврдина, ремек-дело на раџпутската архитектура. Тврдината е град со површина од 4 квадратни километри, изграден од црвен камен и бел мермер и преполн со прекрасно украсени сали и дворови.Попладнето тргнуваме кон Делхи, а по пат ќе имаме можност да уживаме во пејзажите на Rajasthan и Uttar Pradesh. Сместување во хотел “Crowne Plaza” 5*, или хотел од иста категорија. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Деветти ден: 02.01.2027 (сабота)-Делхи-Истанбул-Скопје

 

Одјавување и организиран трансфер до аеродромот во Делхи. Полетување кон Истанбул во 07.00 часот, слетување во 11.35 по локално време. Поаѓање за Скопје во 20.15 часот, слетување во 19.45 по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 25.08.2026.....2100 евра (130.200 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........2200 евра (136.400 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Делхи-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок во хотел во Делхи

• 1 ноќевање со појадок во хотел во Агра

• 3 ноќевања со појадок во хотел во Џајпур

• 1 ручек и 4 вечери во локални ресторани

• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер

• Организирана прослава на Нова Година

• Лиценциран туристички водич

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 400 евра

• Виза за Индија и услуга за визирање - 50 евра

• Бакшиши за локални водичи и возачи - 60 евра

• Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)

 

Втора рата до 21.09.2026, трета рата до 21.10.2026. Целосна доплата на аранжманот до 21.11.2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)