ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Септември
ЦРНОМОРСКА АВАНТУРА ВО ТУРЦИЈА И ГРУЗИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ЦРНОМОРСКА АВАНТУРА ВО ТУРЦИЈА И ГРУЗИЈА

ТРАБЗОН-МАНАСТИР СУМЕЛА-УЗУНГОЛ-БАТУМИ-РИЗЕ

 

Комбинирана програма со лет од Скопје

(28.08.2026 – 03.09.2026)

 

 

Ова е патување низ историјата, природата и културата... Приказна за родното место на султанот Сулејман Величествениот, за несреќната љубов на Али и Нино, за градот во кој планините се спуштаат до морето а чајот е начин на живот... Ова е патување на кое не треба да тргнете сами, бидејќи некој треба да Ви ја раскаже приказната!

 

 

Прв ден: 28.08.2026 (петок)- Скопје-Истанбул-Трабзон

 

06.30 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 часот по локално време. Летот за Трабзон е во 13.45 часот, слетување во 15.30 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон Трабзон, пристаништен град во североисточна Турција, на брегот на Црното Море. По пристигнувањето сместување на групата во хотелот „Zorlu Grand Hotel“ 5***** (https://www.zorlugrand.com/) кој се наоѓа во самиот центар на градот. Краток одмор од патувањето а потоа заминуваме на организиран разглед на градот сместен на древниот пат на свилата кој со векови бил место каде се среќавале различни религии и култури. Негова главна атракција е црквата Аја Софија која, за разлика од истанбулската е грчка православна црква која датира од 13.век. во времето кога Трабзон бил главен град на Трапезунтското Царство. Денес е важен историски споменик кој од 1964-та година е претворен во Музеј, а зачуваните фрески кои ја прикажуваат сцената од Новиот Завет се особено импресивни. Потоа ќе го посетиме централниот градски Плоштад Ататурк од кој се издвојуваат неколку трговски улици кои изобилуваат со локални продавници, слаткарници, интересни објекти... Слободно време за прошетки покрај брегот на Црното Море и уживање во некој од познатите турски специјалитети. Враќање во хотелот и уживање во содржините на хотелот кој има внатрешен базен и спа центар. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 29.08.2026 (сабота)- Трабзон- Манастир Сумела-Узунгол-Трабзон

 

Појадок. Заминуваме кон еден од најатрактивните и најпосетувани манастири во источниот регион на Црното Море - Манастирот Сумела изграден во 6-от век. Името на манастирот доаѓа од зборот „stou mela“ што на грчки значи „на планината Мела“, или „на Црната Планина“ бидејќи „melas“ значи црна. Географската положба на овој манастир му дава особено значење – се наоѓа на стрмна карпа на надморска висина од 1200 метри, буквално над провалија. Манастирскиот комплекс се состои од пештерска црква која е центар на целата зграда, неколку капели, кујни, студентски соби, соби за туристи, библиотека и извор со света вода. До него водат долги, тесни скали по кои мора да се помине и изобилува со фрески не само во внатрешноста, туку и надворешноста на манастирот кој е целосно насликан. Манастирот Сумела уште е наречен и „опседнат“ заради маглата која наутро го прави мистериозен, прекрасен, па дури и застрашувачки. По разгледот се упатуваме длабоко во планините на регионот на Трабзон во местото Узунгол, кое е вистинско ремек дело на природата. Ова волшебно место остава впечаток како да е откинато од некоја бајка; на надморска висина од 1100 метри ќе не` пречека свеж ветер и мирисот на смолата од боровата шума чии врвови се отсликуваат во кристално бистрата езерска вода. Жителите веруваат дека секој облак кој поминува над езерото носи со себе древна приказна, а пак посетителите велат дека тука времето минува побавно а природата е вистинскиот господар. Уште еден неизоставен дел од оваа убавина се традиционалните дрвени куќи кои потсетуваат на селата во Кавказ, со украсени балкони и рачно изработени резби и секако, специјалитетот кој не смее да се пропушти-печена црвена пастрмка која живее само во водите на ова езеро. Ќе се согласите со нас дека посетата на Узунгол не е само обично патување туку авантура сама за себе и искуство кое не се заборава. Во доцните попладневни часови враќање назад во хотелот во Трабзон. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 30.08.2026 (недела)- Трабзон-Батуми

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон границата со Грузија. Нашата цел е Батуми, најубавата и најпривлечна крајбрежна дестинација во оваа соседна земја, градот кој го опишуваат како синтеза на планината и морето - на север и исток се Кавкаските Планини, на југ Турските Планини, а западно од градот се простира брегот на Црното Море. По пристигнувањето, сместување на групата во атрактивниот хотел „Hilton“ 5***** (https://www.hilton.com/en/hotels/busbthi-hilton-batumi/) лоциран на крајбрежниот булевар Батуми. Краток одмор од патувањето, а потоа заминуваме на организиран разглед на градот кој нуди морска опуштеност, суптропски шарм и модерна архитектура, градот во кој постојано никнуваат нови облакодери и луксузни хотели на брегот на морето. Тука ќе не` дочекаат Али и Нино прикажани преку модерна движечка бронзена скулптура на љубовта - симболот на Батуми. Тие се приближуваат еден кон друг во симболична игра и повторно се разделуваат. Кои се всушност Али и Нино? Тој муслиман од Азербејџан, таа Грузијка, христијанка. Силната љубов меѓу нив има тажен крај - Али загинува за време на одбраната на Баку, а скулптурата  останува да ја раскажува нивната љубов. Плоштадот Европа е централниот плоштад во Батуми кој изобилува со преубава архитектура и ресторани, а ние ќе имаме слободно време и за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот.  Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 31.08.2026 (понеделник)- Батуми

 

Појадок. Денешниот ден е планиран за целодневно уживање во убавините на Батуми и неговата околина. Ќе ја посетиме Ботаничката градина која се наоѓа во малиот град Mtsvane Kontskhi, една од најголемите суптропски ботанички градини на целиот простор на поранешниот Советски Сојуз. Се простира на површина од неколку стотици хектари и располага со илјадници видови растенија од пет континенти, вклучувајќи бамбусови шуми и азалеи.  Шетајќи по патеките, пристигнуваме до езера, водопади и панорамски видиковци од кои се простира преубав поглед на морето. Во договореното време ја напуштаме оваа убавина и се враќаме повторно во Батуми, на Плоштадот Европа опкружен со модерни скулптури и фонтани, омилено место за средби на локалното население и посетителите, идеално за прошетки по патеки меѓу палми, пространи тревници и фотогенични глетки на хоризонтот. Токму тука ќе ја впиеме  живата, космополитска атмосфера на градот. Плоштадот Батуми е центарот на Стариот град, сцена на отворено опкружена со елегантни аркади во италијански стил и бели фасади облеани со сонце. Изграден како место за пешачки средби, блеска со мозаични плочници украсени со осветлени столбови и чувство на безвременски крајбрежен шарм. Посетителите уживаат во кафе и сладолед додека ги забавуваат улични музичари, а вечерите носат блескави светла што се рефлектираат од фонтаните и променадата покрај Црното Море. Слободно време за индивидуални прошетки или за уживање во содржините на хотелот кој има внатрешен базен и спа центар. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 01.09.2026 (вторник)- Батуми-Ризе

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се враќаме повторно назад во Турција. Патуваме по крајбрежјето на Црното Море и уживаме во малите приморски градови кои ги минуваме, се до пристигнувањето во скриениот бисер на Црното Море, градот Ризе. Сместување на групата во хотелот „Ramada Plaza Rize“ 5***** (https://www.kulehotelgaziantep.com/en), елегантен модерен хотел со највисоко ниво на удобност и комфор. Слободно време за одмор од патувањето, уживање во содржините на хотелот (спа објекти распослани на површина од 5000 м2 и затворен базен) или прошетки во центарот на градот. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 02.09.2026 (среда)-Ризе

 

Појадок. Денеска ќе уживаме во регионот на Ризе откривајќи нови природни убавини. Се упатуваме кон висорамнината Ајдер, на надморска висина од 1350 метри преку живописен пат опкружен со густи шуми и восхитувачки пејзажи. Областа е позната по своите термални извори за кои се верува дека имаат терапевтски својства, како и по богатата флора и фауна, што ја прави популарно место за љубителите на природата и туристите. Потоа ќе приредиме вистински спектакл за љубителите на фотографијата посетувајќи го импресивниот водопад Gelin Tülü во Националниот Парк Kaçkar кој се спушта од висина од 15 метри. Бунтот од бои создаден од длабокото сино небо, бујната шумска текстура и белиот водопад се совршен спој за да предизвикаат восхит. Оттаму се упатуваме кон уште една атракција по која градот Ризе е познат - посета на плантажи со чај. Во 2022-та година Турција го вклучи чајот на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство, a Ризе е еден од главните центри за производство на турски чај, бидејќи 70% од производството доаѓа од оваа покраина. Познат како „зелено злато“, чајот е специфичен заради единствена климатска и географска позиција бидејќи тука врне пет дена во неделата, а во текот на зимата снегот го штити од мразот. Ризе не е само место, тоа е искуство, и токму тука ќе не` пречека автентична приказна за одгледувањето и сушењето на секој лист чај кој рачно се бере; тоа е активност во која е вклучена целата фамилија, од најмлади до најстари бидејќи одгледувањето на оваа култура е семејна традиција. Потоа ќе пробаме свеж чај подготвен тука, меѓу плантажите, а секоја голтка потсетува на трудот кој е вложен за да се добијат тие преубави листови. По ова несекојдневно доживување, се враќаме назад во хотелот, збогатени со уште едно ново искуство. Слободно време за индвидуални активности. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 03.09.2026 (четврток)-Ризе-Трабзон-Истанбул-Скопје

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Трабзон. Полетувањето е во 13.55 часот по локално време, пристигнување во Истанбул во 15.55 часот. Летот за Скопје е во 18.55 часот, пристигнување во Скопје во 19.25 часот по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 05.07.2026...... 1290евра(79.980 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1390евра (86.180 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје-Истанбул- Трабзон-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 2 ноќевања со појадок во хотелот Zorlu Grand Hotel5*во Трабзон

• 2 ноќевања со појадок во хотелот „Hilton5*во Батуми

• 2 ноќевања со појадок во хотелот „Ramada Plaza Rize5* во Ризе

• Влезница во манастирот Сумела

• Влезница во ботаничката градина во Батуми

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

 Доплата за еднокреветна соба – 380 евра

 Бакшиш за локалниот водич – 15 евра

 Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 350 евра (21.700 денари) најдоцна до 05.јули 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 31. Јули 2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

  

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

  

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)