АПРИЛСКА ПРИКАЗНА ВО ИСЛАНД
Земјата на мразот и огнот
(18.04.2026-22.04.2026)
Ве водиме во обиколка на едно од најмистичните места во Европа, земјата „сопственик“ на вулканите, гејзерите, глечерите и водопадите, островот на кој се сретнуваат евроазиската и американската тектонска плоча. Се`на Исланд е неверојатно – од природните феномени и пејзажи што оставаат без здив, до неговите жители, кои како вистински наследници на викинзите научиле да живеат среќно и покрај суровите услови. Исланд е домот на троловите, гномовите и другите митски суштества, и едно од ретките места каде што може да се види поларната светлина - природниот феномен aurora borealis!
Прв ден: 18.04.2026 (сабота) –Скопје–Франкфурт-Рејкјавик
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13.30 часот. Полетување кон Франкфурт во 15.45 часот, слетување во 18:10. Летот за Рејкјавик е во 21.45 часот, пристигнување во 23.30 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Grandi“ 4* во центарот на градот (https://www.centerhotels.com/en/hotel-grandi-reykjavik ). Ноќевање.
Втор ден: 19.04.2026 (недела) –Рејкјавик-Плава Лагуна (Blue Lagoon)
Појадок. Во договореното време одиме на организиран разглед на еден од најуникатните главни градови во Европа кој плени со својата едноставност и убавина. Иако Рејкјавик бил населен уште од првите бранови норвешки доселеници, до скоро бил мало рибарски село и до ден денес го има зачувано шармот на мал град со своите разнобојни куќи, ниски згради, тесни улички и минимална фреквенција на сообраќај. Во Рејкјавик ќе ги посетиме главните знаменитости: зградата на Парламентот која била првата градба од цигли изградена во Исланд, прочуената црква Hallgrimskirkja чија уникатна архитектура е инспирирана од природните столбови кобалт специфични за Исланд, езерото Tjörnin кое се наоѓа во центарот на градот, познатата шопинг улица Laugavegur и шеталиштето покрај Атлантскиот Океан од каде ќе можете да се одушевувате на величествената планина Esja која се издига спроти градот. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Попладнето се упатуваме кон Плавата Лагуна – најпознатата геотермална бања во Исланд и едно од најпосетуваните места во светот. Плавата Лагуна се наоѓа во поле со изладена лава во една од вулкански најактивните области на островот. Водата во базените доаѓа од 2000 метри длабочина, каде природно се загрева од околната лава. Во лагуната температурата на водата е помеѓу 37 и 39 степени, а нејзината позната млечно сина боја доаѓа од високата концентрација на селен. Слободно време за капење и уживање во сауните, барот и другите содржини. Во вечерните часови враќање во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 20.04.2026 (понеделник) -Рејкјавик-Јужен Брег (Vik, Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss, глечер Sólheimajökull)
Појадок. Заминување на групата на целодневен излет по јужниот брег на Исланд, се до живописното гратче Вик, кое се наоѓа на најјужната точка од островот. Самиот пат до ова место е приказна за себе: менување на пејзажите од вулкански плажи до неверојатни планини. Во близина на гратчето се наоѓа прочуената плажа со црн вулкански песок, кобалтни пештери и драматични стени што изникнуваат од морето. Ќе направиме пауза за прошетка и фотографирање на овој нереално убав амбиент, кој служел и како една од највпечатливите локации на кои е снимана култната серија „Игра на тронови“. Јужниот брег на Исланд нуди и величествени водопади, од кои најпознати се 62-метарскиот Skogafoss, од кој се крева толку многу воздушна прашина што скоро секогаш се создава виножито, и Seljalandsfoss, кој е познат по патеката што води точно зад водопадот. На крај од денешната екскурзија ќе го посетиме глечерот Sólheimajökull, кој се извлекува од огромниот глечер Mýrdalsjökull и полека се лизга и топи во океанот. Ова место нуди единствена можност да дојдеме до самиот брег на глечерот и одблиску да се увериме во моќта на природата. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Рејкјавик. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Четврти ден: 21.04.2026 (вторник) – Рејкјавик - Златен круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот Strokur и Националниот Парк Thingvellir) – Виена - Скопје
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме на целодневно разгледување на најпопуларната рута „Златен круг“ која ги опфаќа најпознатите природни убавини на Исланд. Националниот Парк „Thingvellir“ е местото каде што се раздвојуваат европската и американската тектонска плоча и од каде најнепосредно може да се набљудува процесот на креирање на континентите. Паркот, кој е под заштита на УНЕСКО како природно богатство, има и големо историско значење, бидејќи е местото каде прв пат се состанал Исландскиот Парламент – најстариот Парламент во светот. Прошетка низ паркот и до местото каде што се одржувале годишните седници на Парламентот почнувајќи од 920-та година, а потоа се упатуваме кон познатиот гејзер Strokur, кој на секои шест до осум минути исфрла жешка вода во висина од 20 до 40 метри. Месноста има вкупно четириесетина гејзери, меѓу кои и најпознатиот – кој се вика едноставно Geysir и по кој е наречен овој природен феномен. На крај од патувањето, го посетуваме „златниот“ водопад Gulfos, еден од најимпозантните водопади во Исланд, познат по златниот отсјај и силното боботење што го создава огромната количина вода. Ја завршуваме нашата авантура во Исланд и во вечерните часови се упатуваме кон аеродромот во Рејкјавик. Полетување кон Виена во 00.10 часот по локално време, слетување во 06.15 часот. Летот за Скопје е во 10.20 часот, пристигнување во Скопје во среда на 22-ри април во 11.50 часот.
Промотивна цена за уплата до до 01.12.2025…1250 евра (77.500 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1350 евра (83.700 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет Скопје-Франкфурт-Рејкјавик-Виена-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Трансфери аеродром-хотел-аеродром
• 3 ноќевања со појадок во хотел „Grandi“ 4 * во центарот на Рејкјавик
• Посета на Плава Лагуна (трансфер и влезница)
•Целодневен излет на Јужниот Брег (Vik, Водопадите Skogafoss и Seljalandsfoss и глечерот Sólheimajökull)
•Целодневен излет на Златниот круг (Златниот водопад Gulfoss, Гејзерот Strokur и Националниот Парк Thingvellir)
• Лиценциран туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Доплата за еднокреветна соба – 250 евра
• Туристичка такса – 7 евра по лице за сите 3 ноќевања (се плаќа во агенцијата)
• Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација неопходна е задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари)Целосна доплата на аранжманот до 10.03.2026.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА













