ЗИМСКА БAЈКА ВО ЗЕМЈАТА НА ДЕДО МРАЗ
(16.01.2026-20.01.2026)
Зошто Дедо Мраз ја избрал Лапонија за земјата во која ќе живее? Легендата вели дека ниту ирвасите ниту елфовите кои му помагаат не сакале жештини... Затоа одлучил да се пресели тука, во мистичните густи шуми на околу 2000 километри оддалеченост од Северниот Пол на самиот раб на Арктичкиот Поларен круг каде поларната ноќ трае цел месец... Мистика и романтика, возбуда што ќе не` врати во детството, небесна игра на светлината... Лапонија не` чека...
Ова е релаксирачко патување на кое воопшто не брзаме - од тргнување до враќање дома!
Прв ден: 16.01.2026 (петок)-Скопје-Виена-Франкфурт
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување кон Виена во 12.30 часот, слетување во 14:10 часот по локално време. Летот кон Франкфурт е во 17.10 часот, пристигнување во 18.40 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотел „Intercity Hotel“ 4*, лоциран во непосредна близина на аеродромот (https://hrewards.com/en/intercityhotel-frankfurt-airport). Сместување на групата во двокреветни соби. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.
Втор ден: 17.01.2026 (сабота)- Франкфурт-Рованиеми
Во утринските часови го земаме од хотелот спакуваниот доручек и заминуваме кон аеродромот. Летот за Рованиеми е во 08.50 часот, пристигнување во 13:05 часот по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот „Santa Sport“ 3* (https://santasport.fi/) во Рованиеми- главниот град на Лапонија, најсеверниот регион на Финска. Сместување на групата и слободно време за одмор од патувањето. Го договараме времето кога магијата може да започне и заминуваме во разглед на едно од најубавите места кои можеме да ги видиме во Рованиеми: тематскиот Музеј и Научен Центар Арктикум кој ќе Ви го одземе здивот уште со самата необична полукружна градба со огромна, долга стаклена галерија. Тоа е еден од најдобрите музеи во Финска, а изложбените простори вклучуваат арктичка флора и фауна, природни костими кои ги носеле Самите – староседелците во Лапонија, мебел, риболовни материјали. Со посетата на овој Музеј во потполност ќе успееме да се запознаеме со културата на Самите и со природните феномени. Во договореното време се враќаме во хотелот. Во вечерните часови гостите во хотелот можат да го користат спа центарот во хотелот (со доплата). Ноќевање.
Трети ден: 18.01.2026 (недела)- Рованиеми
Појадок. Започнуваат нашите авантури кои ќе ни донесат многу возбудувања. Утринава заминуваме на организирана посета на фарма со хаски каде ќе имаме несекојдневна можност да се запознаеме со начинот на одгледување на овие арктички кучиња и нивната дресура. Едно од највозбудливите искуства што ќе го доживееме во Лапонија е возењето низ снежната дивина со санки кои ги влечат кучињата. Пет километри возбуда што ќе ја паметиме цел живот! Потоа се враќаме назад во фармата да се стоплиме со топла напивка и да се фотографираме за спомен со хаските. Во договореното време одиме во хотелот. Слободно време за одмор и за индивидуални активности. Во вечерните часови не` очекува уште една неверојатната авантура - заминуваме во потрага по природниот феномен поларна светлина. Ги напуштаме градските светла и со автобус се упатуваме кон темната и мирна природа, на место од каде што поларната светлина може најубаво да се набљудува. Таму, покрај логорскиот оган ќе ги слушнеме најинтересните приказни за овој феномен... Aurora Borealis е нешто што фасцинира многу луѓе од целиот свет кои доаѓаат тука за да уживаат во магијата што се создава од волшебниот спектакл на поларната светлина над Арктикот. Дури и да немаме среќа да ја видиме бидејќи нејзиното појавување зависи од временските услови, неколку часа ќе уживаме во оваа несекојдневна вечер; ќе се грееме со топли пијалоци и насладуваме со фински колбаси печени на логорски оган. Во договореното време се враќаме во хотелот. Ноќевање.
Четврти ден: 19.01.2026 (понеделник)- Рованиеми
Појадок. Организирано заминување кон фарма со ирваси. Блиската средба со миленичињата на Дедо Мраз ја зголемува уште повеќе нашата возбуда и љубопитство. А тие, милите животинчиња ќе ни приредат адреналин што ќе го почувствуваме можеби само еднаш во животот - ќе не` возат 400 метри низ снежната убавина. Ирвасите не се брзи животни ниту пак возењето трае предолго, но сепак, ова е единствено доживување кое е уникатно само за себе. Покрај тоа што ирвасите ќе посакаат да се галат, сепак, ќе бидат најсреќни ако ги нахраниме... И тука правиме илјадници фотографии за спомен. Потоа заминуваме кон центарот на Рованиеми да направиме нови фотографии за спомен на линијата која го одбележува местото низ кое поминува арктичкиот поларен круг. Ова е градот кој живее за зимата бидејќи на секој чекор ќе не` среќаваат обележја на ирваси – почетокот е уште од аеродромот кој е осветлен со седум светлечки ирваси, па се до проектирањето на градот од најпознатиот фински архитект Алвар Аалто, со улици распоредени во облик на роговите на ирвасот. Но ова, се разбира, не можеме да го забележиме додека шетаме низ градот. Грев е на ова патување предолго да одмараме; затоа заминуваме да го доживееме најмагичниот момент- средбата со насмеаниот старец кој сме го сонувале како деца, сме го чекале да се појави под елката, замислувајќи го како лета на санките преполни со подароци влечени од ирваси. И да, никогаш не сме успеале да го видиме, бидејќи како по правило тој секогаш ги остава подароците кога ние спиеме... Но овојпат сосема сигурно е дека ќе успееме да го видиме во неговото село во кое тој живее заедно со своите помошници кои работат во текот на целата година за да можат сите деца да ги добијат своите подароци за Божиќ. Дедо Мраз ќе имаме можност да го запознаеме во неговата канцеларија. Дури и да не верувате во Дедо Мраз, сепак по оваа средба можеби ќе ја смените својата одлука... И ќе поверувате! Слободно време за прошетка низ селото, а потоа се упатуваме кон официјалната пошта на Дедо Мраз каде можеме да напишеме и испратиме честитки до нашите пријатели ширум светот кои ќе го имаат на себе специјалниот поштенски печат на Арктичкиот круг. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Слободно време за одмор и за сонување на доживувањата од денешниот возбудлив ден бидејќи токму тука е крајот на оваа зимска приказна. Ноќевање.
Петти ден: 20.01.2026 (вторник)- Рованиеми-Франкфурт-Виена
Појадок. Организирано заминување кон аеродромот во Рованиеми. Летот за Франкфурт е во 13.55 часот по локално време, слетување во Франкфуср во 16.00 часот. Во 19.40 полетуваме кон Виена, пристигнување на аеродромот во Виена во 21.05. часот по локално време. Се сместуваме во хотелот „NH Viena Airport“ 4*. Ноќевање.
Шести ден: 21.01.2026 (среда)-Виена-Скопје
Појадок. Се упатуваме кон аеродромот. Летот за Скопје е во 10.15 часот, пристигнување во Скопје во 11.05 часот.
Промотивна цена за уплата до 15.10.2025........ 1390 евра (86.180 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........1490 евра (92.380 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет: Скопје - Виена – Франкфурт – Рованиеми – Франкфурт – Виена - Скопје со вклучени аеродромски такси (авиокомпании: Lufhtansaи AustrianAirlines)
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Трансфери вклучени во програмата
• 1 ноќевање во хотелот „Intercity Hotel“ 4 * во Франкфурт (аеродром)
• 3 ноќевања со појадок во хотелот„Santa Sport“ 3* во Рованиеми
• 1 ноќевање хотелот „NH Viena Airport “ 4* во Виена (аеродром)
• Влезница во МузејотАрктикум во Рованиеми
• Лиценциран туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
- Пакетна понуда за сите излети– 400 евра:
- Посета на фарма со хаски и возење со санки
- Потрага по поларната светлина
- Посета на фарма со ирваси и возење со санки
- Посета на селото на Дедо Мраз
- Зимска облека за активностите на отворено
- Туристичка такса – 5 евра по лице за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
- Користење на внатрешниот базен и спа центарот во хотелот во Рованиеми
- Патничко осигурување
Услови за деца:
200 евра попуст за уплата на аранжманот по промотивна цена. 100 евра попуст за пакетната цена на факултативните излети. Напомена: Попустот може да се искористи доколку децата патуваат заедно со две возрасни лица кои плаќаат полна цена на аранжманот.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 400 евра (24.800 денари) најдоцна до 15.10.2025. Целосна доплата на аранжманот до 15.12.2025.
Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА