Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во АПТ /2+2/ со една спална
Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба. Тераси со директен и страничен поглед на плажа-море, просторна кујна со трепезариска маса. тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и интернет - бесплатни. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Се наоѓаат на II кат во вилата. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од вилата. Ви посакуваме пријатен престој.
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална - БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- - Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
- - Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса - 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- - Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА