ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Ханиоти - 7 ноќевања
Vila Maria LUX - Hanioti - Leto 2025
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио / 3-то, 4-то и 5-то лице во апартман со една спална

 

Вила “Maria Lux” се наоѓа во центарот на Ханиоти (веднаш до вила "Maria") односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажаВилата е ново изградена во Октомври 2018 година. Располага со: комфортни струдија за три лица и апартмани со една спална соба за пет лица со големи тераси. Опис на собите: 1/3 студио на ниско приземје (сутерен) 1/3 студио на високо приземје и 3+2 апартмани со една спална на I и II кат. Сите се комфортни и комплетно опремени со нов мебел со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Вилата е со одличен квалитет на сместување, комфорт и локација. Ви посакуваме пријатен престој.

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. Кај "Lemonis Bakery".
  • -  Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • -  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)