ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Ноември
ФЕСТИВАЛ НА ШАФРАНОТ ВО ТУРЦИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ФЕСТИВАЛ НА ШАФРАНОТ ВО ТУРЦИЈА

Комбинирана програма со лет од Скопје

 

(31.10.2026 – 03.11.2026)

 

САФРАНБОЛУ-АМАСРА-АНКАРА

 

 

Мистериозен, обвиен со епитот „најскап“... Малку зачини воодушевуваат толку многу како него...

Неговите нежни и деликатни црвени нишки отсекогаш фасцинирале, а со нив секоја храна е подобра. Шафранот е најскапиот зачин на светоти не без причина го нарекуваат крал на зачините. Својата скапоценост ја должи на макотрпниот метод на производство- секој цвет има три нишки, секој со тежина од по два милиграма. За да се добие килограм од овој зачин, треба да се соберат околу 150.000 цветови, и тоа рачно. Неговата цена е изненадувачки висока па затоа е познат како „црвеното злато“!

 

 

Прв ден: 31.10.2026 (сабота)- Скопје-Анкара-Сафранболу

 

06.30 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 12.25 часот по локално време. Летот за Анкара е во 14.00 часот, слетување во 15.10 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон Сафранболу, типичен турски град со повеќе од 2000 автентични конаци стари и по 300 години кои во 1994-та година УНЕСКО ги заштитил како светско културно наследство. Сместување на групата во хотелот „Zalifre“ 3*** (http://www.zalifreotel.com/) кој се наоѓа во новиот центар на градот. Хотелот е мешавина на автентична и модерна архитектура во атмосфера што потсетува на старите бајковити времиња. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 01.11.2026 (недела)- Сафранболу-Фестивал на шафранот

 

Појадок. Денот е посветен на шафранот, зачинот со кој во XIX век биле посадени сите околни полиња во Сафранболу. Годинава се одржува десетиот јубилеен Меѓународен Фестивал со кој се означува почетокот на бербата на „црвеното злато“. Организаторот на Фестивалот, општината Сафранболу предвидува повеќе манифестации во текот на денот, меѓу кои кулинарски демонстрации, изложби на локални производи и ракотворби и традиционална музика, народни танци и концерти. Доколку дозволат временските услови, ќе посетиме локална плантажа на која се одгледува шафранот. Активностите ќе се реализираат во стариот град кој во текот на денот ќе имаме можност и органзирано да го разгледаме вклучувајќи го видиковецот Хукумет Конаги, Џинџи Хан, Џамијата Мехмет-паша Ќопрулу, чаршијата Араста и традиционалниот занаетчиски кварт. Потоа се упатуваме кон една од најдобрите реставрирани отомански куќи на Лејла Ханим, истакната турска класична композиторка, поетеса и писателка, позната по своите детални мемоари за животот во харемот на царската палата. Тука ќе го откриеме традиционалниот турски семеен живот, автентичната архитектура и прекрасните рачно изработени ентериери. Организиран ручек со одбрани регионални јадења и локални специјалитети, нудејќи им на гостите интимно искуство на традиционалното гостопримство во Сафранболу. За крај на денот ќе имаме можност да уживаме во една од најстарите традиции во Турција учествувајќи во интерактивна работилница за подготовка на турско кафе. Тука ќе научиме како се подготвува традиционалното турско кафе, важноста на кајмакот и традициите на сервирање, културната историја на турското кафе, како се затвора и врти шолјата за кафе, значењата на вообичаените симболи во талогот од кафе  и улогата на гатањето со кафе во турската општествена култура. На оваа забавна вечер ќе ни се придружи и     г-дин Мурат Икиз, познатиот гатач на кафе кој, откако ќе го испиеме автентичното турско кафе, секому од нас ќе ни ја прочита судбината од талогот на кафето, споделувајќи интересни приказни и локален фолклор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 02.11.2026 (понеделник)- Сафранболу-Кристална тераса-Аквадукт İncekaya-Амасра

 

Појадок. По појадокот, заминуваме на целодневна екскурзија до Амасра, живописен рибарски град на брегот на Црното Море, во покраината Бартин во Турција кој совршено ги комбинира отоманската и византиската архитектура на исклучително убав начин. Но пред да пристигнеме во овој град, попатно застануваме на две атрактивни места. Првата станица ќе биде Терасата од кристално стакло, која нуди импресивен поглед на кањонот Токатли. Тука ќе направиме кратка фото пауза и ќе уживаме во раскошната панорама, а потоа продолжуваме кон историскиот Аквадукт Инџекаја , изграден за да го снабдува градот Сафранболу со вода. Потоа продолжуваме низ шумските предели на западниот регион на Црното Море се до Амасра, живописен крајбрежен град опкружен со карпести заливи. Сместен на полуостров, овој шармантен туристички град кој уште го нарекуваат заспаната принцеза од античко време се карактеризира со два заливи и два острови. Едниот остров е достапен со брод, додека другиот е пресечен од едносводна римска структура. По пристигнувањето започнуваме со органзираниот разглед на градот посетувајќи ги: Замокот Амасра и неговите стари камени улици, мостот Кемере, Археолошкиот Музеј, пазарот и крајбрежното шеталиште и локалниот рибен пазар. Во еден од локалнте ресторани во градот имаме организиран ручек со морска храна, а потоа слободно време за индивидуалн прошетки. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот во Сафранболу. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 03.11.2026 (вторник)- Сафранболу-Анкара-Истанбул-Скопје

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и нашето патување го продолжуваме кон Анкара, главниот град на Турција. По панорамскиот разглед, се упатуваме кон Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција. Слободно време за разгледување на овој објект од огромно значење за жителите на Турција. Околу 15.00 часот се упатуваме кон аеродромот. Полетувањето од Анкара е во 17.55 часот по локално време, пристигнување во Истанбул во 19.15 часот. Летот за Скопје е во 20.30 часот, пристигнување во Скопје во 19.55 часот по локално време.

 

 

Промотивна цена за уплата до 04.09.2026....... 799 евра(49.560 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........859 евра (53.260 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје – Истанбул – Анкара - Истанбул - Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Сафранболу

• 2 организирани ручеци во Сафранболу и Амасра

• Влезница во Археолошкиот Музеј во Амасра

• Лиценциран локален туристички водич

 Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

• Доплата за еднокреветна соба – 90 евра

• Бакшиш за локалниот водичи возач

• Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 05. септември 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 01.Октомври  2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)