ДОЧЕК НА НОВАТА 2026 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
„Palmon Bay Hotel & Spa“4+**** ИГАЛО
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ХАРИС ЏИНОВИЌ И НЕДА УКРАДЕН
(30.12.2025 – 03.01.2026)
Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде… Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното... Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова...
Прв ден: 30.12.2025 (вторник)
21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.
Втор ден: 31.12.2025 (среда)
Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив... сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Потоа сместување на групата во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+ **** (https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на плоштадот со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Харис Џиновиќ и Неда Украден. Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2026 (четврток)
Појадок. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со локален туристички водич. Слободно попладне за индивидуални активности и за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Вечерта, организирана реприза на новогодишната вечер на Плоштадот со богата музичка програма. За забавата оваа вечер се ангажирани Жељко Самарџиќ и Весна Змијанац. Ноќевање.
Четврти ден: 02.01.2026 (петок)
Појадок. Слободно време за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските часови во сабота, на 03.Јануари.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........279 евра (17.300 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Две ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало(сместување во стандардни соби без тераси со поглед во двор)
- Користење на базенот и спа центарот во хотелот
- Организиран разглед на градот со локален туристички водич
- Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Доплата за еднокреветна соба - 170 евра (за двете вечери)
- Доплата за соба со тераса - 10 евра (за двете вечери)
- Туристичка такса– 1,50 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
- Доплата за свечена новогодишна вечера во хотелот – 75 евра (не е задолжителна)
- Доплата за свечена вечера во хотелот на 01.01.2026– 65 евра (не е задолжителна)
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
ДОЧЕК НА НОВАТА 2026 ГОДИНА ВО КОТОР
Три ноќевања со појадок (29.12.2025 – 02.01.2026) -
ДОЧЕК НА НОВАТА 2026 - КАВАЛА
Две ноќевања со појадок и Новогодишна вечера (30.12.2025-01.01.2026) -
РОМАНТИЧНА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА ВО ПУЛИЈА
(10.12.2025-14.12.2025) Авионска програма со поаѓање од Скопје -
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО МАРИБОР И ГРАЦ
Две ноќевања со појадок (05.12.2025-08.12.2025) -
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ТИРОЛ
Три ноќевања со појадок (04.12.2025 – 09.12.2025) -
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА
Три ноќевања со појадок (05.12.2025-10.12.2025) -
БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО КАВАЛА И ДРАМА
Две ноќевања со појадок (05.12.2025-07.12.2025)




















