Божиќни маркети на Женевското Езеро
Женева-Монтре-Анси
(26.11.2026-30.11.2026)
Прв ден: 26.11.2026 (четврток)- Скопје-Истанбул-Женева
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06.30 часот. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 12.25 часот по локално време. Летот за Женева е во 16.10, слетување во 17.30 часот. По пристигнувањето организиран трансфер до градот и сместување во хотел „Ibis Genève Centre Lac“3* лоциран на само неколку минути пешачење од Женевското Езеро. Слободно време за одмор од патувањето и ноќевање.
Втор ден: 27.12.2026 (петок)- Женева
Појадок. Одиме во организиран разглед на вториот најголем град во Швајцарија, познат и како “Главен град на мирот” поради тоа што е домаќин на дипломатски настани и големи меѓународни организации. Се наоѓа на брегот на Женевско Езеро – најголемото езеро во западна Европа, кое на некои места има длабочина од над 300 метри. Големиот водоскок Jet d’Eau, кој во езерото исфрла вода на висина од 140 метри, е еден од симболите на градот. Женева е познат и по стариот град со калдрмисани улици, но и по локалните деликатеси – топеното сирење “фонду” и прочуеното швајцарско чоколадо. Во Женева ќе го прошетаме стариот дел на градот со катедралата “St. Pierre” од 12-ти век, Плоштадот “Bourg-de-Four” опкружен со историски згради и разновидни ресторани и барови, најстарата куќа во Женева, која денес е претворена во музеј, а ќе прошетаме и по кејот на езерото и англиските градини, во кои се наоѓа познатиот Часовник од цвеќиња – голем часовник декориран со илјадници растенија и цвеќиња. До вечерта слободно време за истражување на градот и уживање во неговиот божиќен маркет, еден од најголемите и најубавите во Швајцарија. Всушност, Женева има неколку божиќни маркети на различни локации низ градот, а најпознат од сите е “Noel au Quai”, поставен на брегот на езерото. Илјадниците светилки и огромни лустери се рефлектираат во водата од езерото и создаваат неповторлива слика, надополнета со големиот водоскок во позадината и Алпите во далечината. Ноќевање.
Трет ден: 28.11.2026 (сабота)- Женева-Montreux-Женева
Појадок. Денот е посветен на божиќниот маркет што редовно е вбројуван помеѓу најубавите во Европа. Со организиран трансфер се упатуваме по брегот на Женевското Езеро сѐ до Монтре, гратчето познато како “Бисерот на швајцарската ривиера”. Сместено на источниот брег на езерото во подножјето на стрмните планини, Монтре привлекува илјадници туристи со својата уникатна местоположба, меката клима, панорамските глетки и историските градби како средновековниот замок Château de Chillon, изграден во самото езеро. Божиќниот маркет во Монтре се одржува на ривиерата, која за Божиќните празници е исполнета со стотици дрвени куќарки, илјадници светилки и големо панорамско тркало. Но пред да се впуштиме во истражување на пазарот, одиме на возбудливо патување (факултативно). Дали сте знаеле дека Дедо Мраз има куќа на Швајцарските Алпи? Се качуваме во воз што ќе не` однесе високо во планините, на надморска висина од 2042 метри, на врвот Rochers-de-Naye, кој Дедо Мраз го избрал како локација за неговата планинска куќа. Искачувањето по планините е само по себе возбудливо искуство, а врвот нуди спектакуларни глетки на Женевското Езеро. Горе нѐ чека лично Дедо Мраз, кој ќе го посетиме во неговата планинска канцеларија, и кој за секое дете има подготвено официјален сертификат и подарок. Се враќаме во градот каде ќе имаме неколку часа да уживаме низ сликовитиот пазар. А долу не` чека уште едно изненадување – најголемата атракција на божиќниот маркет, летечкиот Дедо Мраз кој точно во 17.00, 18.00 и во 19.00 часот прелетува над езерото и им мавта на посетителите. Во вечерните часови враќање во Женева. Ноќевање.
Четврти ден: 29.11.2026 (недела)- Женева-Annecy
Појадок. Пред нас е уште еден ден на Алпите, овој пат на француската страна. Се упатуваме кон Анси, прекрасен алпски град во југоисточна Франција, познат по прекарот “Венеција на Алпите” поради своите кривулести канали со цвеќиња. Градот се наоѓа на брегот на уште едно езеро – Анси, кое се смета за едно од најчистите леднички езера во Европа. Анси беспрекорно ги спојува средновековната историја, архитектурата во пастелни бои и панорамските глетки на езерото. Во Анси ќе можеме да прошетаме по калдрмените улици и да ја видиме познатата палата “De l’ile” од 12-ти век изградена во самата вода во форма на брод. Божиќниот маркет во Анси е вистинско доживување – во центарот на градот, по каналите и по брегот на езерото се распослани повеќе од двеста дрвени куќички, на кои се продаваат локални рачни изработки, алпски сувенири и уникатни подароци. На брегот на езерото се наоѓа големо лизгалиште, а главниот плоштад се претвора во вистинско алпско село со сцена со музика во живо и барови кои служат локални специјалитети и греано вино. Слободно време за уживање во празничната атмосфера, а во попладневните часови враќање во Женева.
Петти ден: 30.11.2026 (понеделник)- Женева-Истанбул-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Женева. Полетување кон Истанбул во 10.50 часот, слетување во 16.05 по локално време. Летот за Скопје е во 20.30 часот, слетување во 19.55 часот по локално време.
Промотивна цена за уплата до 25.08.2026 ........ 859 евра (53.260 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........959 евра (59.460 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Женева-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите локални трансфери
• 4 ноќевања со појадок во ***** во Женева
• Сите разгледи и посети вклучени во програмата
• Лиценциран туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не се вклучени следните услуги:
• Доплата за еднокреветна соба – 210 евра
• Туристичка такса - 20 евра (се плаќа во агенцијата)
• Воз Монтре- Rochers-de-Naye -Монтре и влезница за куќата на Дедо Мраз во Rochers-de-Naye - 55 евра
• Патничко осигурување
Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 100 евра (6200 денари) најдоцна до 25.08.2026 (Во случај на отказ на резервацијата, уплатениот депозит е неповратен!)
Втора рата до 25.09.2026, целосна доплата на аранжманот до 25.10.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа!
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА



