ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Врахос
KAtegorija
Vila Vrahos Beach | Vrahos - Leto 2018
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Vila Vrachos Beach се наоѓа на самото шеталиште и на самиот брег во Врахос. Од морето е оддалечена 10 метри. Опкружена е со голем двор со базен, полн со зеленило и маслинки. Околку базенот има лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите на вилата. Во состав на целиот комплекс има рецепција, бар, ресторан каде гостите можат да доплатат појадок по цена од 6 евра ( ресторанот го задржува правото да изврши промена на цената ), како и паркинг простор. За гостите на хотелот се достапни лежалки на плажата со задолжителна консумација на пијалок, тоалет и простор за оставање на багажот за последниот ден од престојот. Во понудата имаме двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија, како и четирикреветни апартмани и дуплекси кои се на приземје и на спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со купатило, мини чајна кујна наменета за подготовка на полесни поброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садеви за јадење), клима уред чие користење се доплаќа по 3 евра од ден, TV, WiFi со слаб сигнал и тераси опремени со гарнитури за седење. Двокреветните  студија се наоѓаат на високо приземје во другата зграда од базенот и имаат поглед во дворот, а трокреветните на приземје во првата зграда од базенот. Четирикреветните студија се наоѓаат во главната зграда над рецепцијата, пространи се и имаат поглед во дворот. Опремени се со два стандардни и два помошни кревети погодни за сместување на четири возрасни лица. Апартманите се наоѓаат на приземје, а терасите имаат поглед кон базенот и се опремени со гарнитури за седење. Во дневната соба се наоѓа кујната со маса за јадење и два кревети со стандардна големина, додека во спалната соба има еден француски кревет или два споени стандардни кревети.  Дуплексите се наоѓаат во другата зграда од морето на високо приземје и се состојат од две спални соби во кои има по два стандардни кревети и кујна со маса и столчиња. Во сите сместувачки капацитети има крпи кои се менуваат на три дена, а постелнината се менува на пет дена.Чистењето на собите е исто така на пет дена. Преубавото опкружување на целиот објект на гостите им овозможува пријатен и релаксирачки одмор покрај самиот морски брег.

 

 

Локација на објектот

 

 

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)