Вилата „Vaia“ се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Восместувачките капацитети имапостелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос.Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА