ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Уранополис
Vila Thanos | Uranopolis - Leto 2020 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 Небесниот  Град... тоа е  капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност... до скоро речиси целосно  изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи...Старата кула од Византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Од овде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по  прекрасните  плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани - единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach... Привилегија е да летувате во Уранополис, во местото во кое владее апсолутен мир, дестинација која досега беше позната само по хотелите кои се изградени надвор од градот.


Во нашата понуда за сезоната Лето 2020 повторно ја имаме вилата „Thanos“ што се наоѓа на самиот влез во  градот, со студија и апартмани кои имаат преубав поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните острови, опремени со мини кујни, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од најубавата плажа е оддалечена околу 300 метри.

 

 

 

 

Локација на објектот

 

-20 % попуст за уплата до 01.07.2020
(попустот се однесува само за терминот од 05.07 до 15.07.2020)
 

 

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

Фотографии од соби и плажи

Градска плажа - Уранополис Студио бр. 1 - Вила Tanos - Уранополис Студио бр. 2 - Вила Tanos - Уранополис Студио бр. 3 - Вила Tanos - Уранополис Апартман бр. 4 - Вила Tanos - Уранополис Студио бр. 5 - Вила Tanos - Уранополис Апартман бр. 6 - Вила Tanos - Уранополис
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)