Касандра ги има пространите песочни плажи со кристално бистро, чисто и топло море, живописните летувалишта, традиционалните села и богатиот ноќен живот. Близината на Солун му даваат предност пред многу други места за одмор. На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место
Неа Плагиа. Има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети...Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.
Вилата „Talassinos“ се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
Напомена:
Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.
(ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ)

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА