ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неи Пори
KAtegorija
Vila St. George - Nei Pori - Leto 2018
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

Вила СЕНТ ЏОРЏ се наоѓа во новиот дел на Неи Пори на 250 метри од плажата и е оддалечена 5 минути пешачење до центарот на градот. На само неколку минути до вилата морето е доста плитко и токму поради тоа Неи Пори е идеално место за фамилијарен одмор со деца, каде што ќе бидете потполно безгрижни, додека вашите најмлади задоволно играат во песокта и во морето. Во нашата понуда за вила Сент Џорџ имаме двокреветни и трокреветни студија распоредени на први, втори и трети кат.  Сите студија се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред, кој доколку се користи се доплаќа по 5 евра на ден. Пред самата вила има место за паркинг на сопствени возила.

 

 

- Цените во табелите се изразени за наем на студио или дуплекс апартман за 7 ноќевања;

- Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);

- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;

- Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;

- Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;

- Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);

- Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);

- Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

 

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

 

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

 

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

 

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)