ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неос Мармарас
Vila Santala - Neos Marmaras - Leto 2023 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Ново во нашата понуда- Вилата Santala која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост одSole A Mareи од Alcano. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2023 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Santala е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа слаткарница и пицерија. Располагаме со двокреветен апартман кој има поглед кон улицата и со четирикреветни апартмани кои имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети се наоѓаат на втор спрат и се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената (во четирикреветните апартмани има по два телевизора и две клими во секоја спална соба). Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Локација на објектот

 

-7 % попуст за целосна уплата до 28. февруари 2023

 

Фотографии од соби и плажи

Неос Мармарас - Градска плажа Вила Вила Вила Вила Вила
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)