ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Калитеа
KAtegorija
Vila Poseidon - Kalitea - Leto 2018
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот на Калитеа, пристапот е по удолна и стрмна улица, по која може да се стигне и со возило, паркинг за возила има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија. На секоја соба и следува по 2 лежалки и чадор, без доплата кои се нумерирани по самата соба во која се престојува, и истите не смеат да се менуваат со друга бројка на соба.

 

Трокреветното студио располага со едноспално легло за две лица, по грчки мерки т.е потесно од стандардните спални и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење која е одвоена од спалната, но не и со врата, сопствен тоалет, балкон кој гледа странично на море и позади према градина, истата е лоцирана на трет кат и има клима и wi-fi.

 

Четворокреветните студија располагаат со едноспално легло за две лица, по грчки мерки т.е потесно од стандардните спални и две единечни стандардни легла, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима и wi-fi. Четворокревените студија можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса) на трет спрат со страничен поглед на море и една на четврти кат со голем балкон и директен поглед на море, како и една четворокреветна која гледа кон градина исто лоцирана на трет спрат.

 

GPS Координати: 40°4’43.1”N 23°26’41”E

 

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

 

 

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

 

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице

Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице

Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице

Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице

Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице

Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30еур по лице

Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур

Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур за Битола и Прилеп

Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Возрасни лица над 63год – 10еур попуст

 

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

*За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст (не важи за термините со назнака ПРОМО)

*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител

*Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ

 

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес

-5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово

-4:00 Скопје (Дрводекор)

-4:30 Велес (БП мотел Македонија)

-5:00 Неготино (БП Неготино)

-5:40 Удово (БП Удово)

-6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

 

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

-4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)

-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола

-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола

-2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола

-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола

-3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

 

 

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа

14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно

14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

 

 

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)