ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неос Мармарас
Vila Mersinis | Neos Marmaras - Leto 2024 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Вилата Mersinis во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство...Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinisќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

ВилатаMersinisима шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

  

Локација на објектот

 

-15% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.12.2023

 

 

Фотографии од соби и плажи

Плажа - Camp Castello Апартман бр. 1 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 2 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 3 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 4 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 5 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 6 - Вила Mersinis - Неос Мармарас
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)