ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неос Мармарас
KAtegorija
Vila Mersinis | Neos Marmaras - Leto 2017 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Нова понуда за сезоната Лето 2017- нашиот фаворит, Вила Mersinis“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија. Вилата има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство...Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата Mersinis“  има шест четирикреветни апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Локација на објектот

 

Ценовник за вила "Mersinis" - Неос Мармарас

 

Организиран превоз - Ситонија

Соби - Галерии

Camp Castello - Beach Neos Marmaras - Paradiso Beach Апартман бр. 1 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 2 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 3 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 4 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 5 - Вила Mersinis - Неос Мармарас Апартман бр. 6 - Вила Mersinis - Неос Мармарас
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)