ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неа Рода
Vila Maria Pashalidou | Nea Roda - Leto 2022 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

ВилатаMaria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрати со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

 

Локација на објектот

 

 

 

 

Фотографии од соби и плажи

Градска плажа - Неа Рода (вила Maria Pashalidou) Плажа - Voulitsa Плажа - Komitsa Апартман бр.3 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou - Неа Рода Апартман бр.5 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou - Неа Рода Дуплекс бр.6 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou - Неа Рода Апартман бр.2 (втор спрат) - Вила Maria Pashalidou - Неа Рода Апартман бр.5 (втор спрат) - Вила Maria Pashalidou - Неа Рода
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)