ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Јерисос
KAtegorija
Vila Maria | Jerisos - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami. Kakoudia е вистинско чудо на природата, се наоѓа на 1,5 км од Јерисос и ја карактеризираат карпи кои се издигнуваат и до десетина метри од плажата. Ksiropotami е сосема дива плажа, оддалечена 6 км од Јерисос и место за љубителите на мирот и спокојството-без многу туристи, без барови и музика-само песок и бистро море кое секогаш е мирно, дури и кога во Јерисос водата умее да се разбранува. На 6 км од Јерисос се наоѓа местото Каково, или Мило Арсеница каде имаат пристап и жените. Манастирот е имот на српскиот манастир Хиландар на Света Гора, има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки...Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег добил добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани.

 

Вилата Maria се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и
периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

Локација на објектот

 

 (ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ)

 

Фотографии од соби и плажи

Градска плажа - Јерисос Апартман бр. 1 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 2 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 3 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 4 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 5 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 6 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 7 - Вила Maria - Јерисос Апартман бр. 8 - Вила Maria - Јерисос
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)